4 скриени знаци дека страдате од осаменост
Ако луѓето некогаш научиле да бидат сами, тогаш дефинитивно тоа било за време на оваа пандемија. Токму во овој период повеќето луѓе се чувствуваа осамено, а тоа остави последици врз физичкото и емоционалното здравје и ги зголеми шансите за вознемиреност и депресија, но и последици поврзани со недостатокот на сон и слаб имунолошки систем.
Сега сè повеќе работи се враќаат во нормала, но на некои луѓе им е многу потешко отколку што изгледа. За да помогне во ова, психологот Џули Смит објави видео на ТикТок во кое нагласи четири клучни знаци на осаменост што можете да препознаете и на кои треба да внимавате:
@drjuliesmithLoneliness has a serious impact on mental health. Call someone today who might feel lonely. #letstalkloneliness #mentalhealthawareness ♬ drivers license – Olivia Rodrigo
1. Повеќе би сакале да купувате работи отколку да се дружите со луѓе.
2. Знаете што се случува во животот на вашите пријатели затоа што го видовте тоа на социјалните мрежи, не затоа што ви кажале.
3. Дури и кога сте во близина на други луѓе, се чувствувате како да не припаѓате таму.
4. Друштвените ситуации ви предизвикуваат стрес и ве исцрпуваат, па ги избегнувате.
Ако се наоѓате во една од овие ситуации или во некоја друга што предизвикува да се чувствувате осамени, постојат работи што можете да ги направите за да ги ублажите тие болни чувства. За почеток, не обвинувајте се и не казнувајте се себеси за тие чувства. Најдете утеха во некои едноставни работи што ги сакате, како што се поминување време во природа или правење работи во кои уживате.
Поврзете се со вашите пријатели, особено со оние со кои не сте се слушнале долго време. Секогаш имајте на ум дека времето лечи сè и дека со мали чекори може да постигнете многу. Не спротивставувајте им се на чувствата што ги имате, туку ублажете ги со работите што ги сакате, бидејќи на тој начин ќе се чувствувате вистински среќни.
Почитајте ги овие митови за депресијата во кои треба да престанете да верувате.