Како да ги претворите макароните во вкусни крцкави грицки?
Ако сакате да седите пред телевизор и да грицкате разни грицки полни со мрснотии и вештачки засилувачи на вкусот, можеби е време да го пробате овој одличен рецепт што еден корисник го споделил на својот профил на ТикТок.
Во сварените тестенини додајте маслиново масло, рендан пармезан и зачини, а потоа печете сè во рерна десет минути, на температура од 200 °C.
@bostonfoodgramPASTA CHIPS✨ #fyp #homecook #airfryer #foodontiktok #pastachips #tiktoktailgate #foryou #tiktokrecipes #boston #bostonfood
Друга варијанта е со пржење на тестенините: турете половина чаша растително или маслиново масло во голема и длабока тава, а кога ќе се загрее, додајте ги сварените тестенини. Пржете додека не добијат златна боја и не станат крцкави, околу четири минути. Послужете со сос од домати, песто сос или сос по ваш избор.
Прочитајте како да направите брзи и едноставни сосови за тестенини.