5 цвеќиња што се отпорни на високи температури и цветаат во текот на целото лето
Балконот е едно од најубавите места каде што можете да го поминете летото. За максимално уживање, украсете го со цвеќиња кои не само што изгледаат убаво, туку се и отпорни на високи температури.
1. Плумбаго
Плумбаго е растение во форма на грмушка и потекнува од Јужна Африка. Има прекрасни светлосини или сини цветови на кои никој не останува рамнодушен. Овие цвеќиња растат многу брзо и цветаат во текот на целото лето. Му одговара целосна сончева светлина, но и влага, затоа мора редовно да се наводнува.
2. Петунија
Петуниите почнуваат да цветаат во јуни и многу добро ја поднесуваат топлината. Чувајте ги на места што се заштитени од провев. Потребно е да се наводнуваат редовно и да им се отстрануваат исушените ливчиња.
3. Сардела
Постојат два вида сардели што можат да го разубават вашиот балкон – исправени и висечки. И за двата вида се потребни сончеви места (по можност од јужната страна) и почва што добро се цеди, бидејќи може да умрат поради премногу влага во коренот. Ќе траат цело лето и ќе го украсуваат вашиот балкон со своите прекрасни бои – бела, розова, виолетова, портокалова, жолта и црвена.
4. Ден и ноќ
Ова растение припаѓа на семејството темјанушки и е многу лесно за одржување. Тоа е отпорно на условите и дење и ноќе, така што нема да му пречат промените на температурата, како и престојот на силното сонце, но и под сенка. Овие цвеќиња имаат тенко разгрането стебло, месести лисја и цветови кои растат поединечно на долгите дршки.
5. Пустинска роза
Ова растение света во препознатливата светлорозова боја, што е посветла во средината на цветот. На пустинската роза не ѝ се потребни ѓубриво и прихрана. Потребно ѝ е големо количество природна светлина за цветање, но во текот на летните месеци, младите растенија (до една година) треба да се отстранат од директна сончева светлина за да не се оштети растението. Не бара многу вода и треба да се наводнува само кога почвата е целосно сува.
Погледнете ги и овие литопи – прекрасни сукуленти што личат на украсни камчиња.