Што нè очекува за време на полната месечина во Јарец на 24 јуни?
На 24 јуни, полната месечина во Јарец ќе биде во секстил со Јупитер, планетата на среќата, изобилството и просперитетот. Овој магичен спој со месечева енергија ја прави полната месечина во јуни симбол на среќа, дарежливост и оптимизам.
Нè чека одлична месечева фаза, која ќе успее да ги избрише, да ги поправи и да ги излекува сите негативни работи што се случија за време на затемнувањето на Сонцето, по 10 јуни. Особено се однесува на решавањето лаги и измами.
Полната месечина ќе биде во знакот на Јарец и прави еден многу позитивен аспект. Дури и да има некои предизвици и проблеми, лесно ќе успеете да се ослободите од нив.
Главниот фокус за време на оваа полна месечина ќе бидат на семејството, домот, врските. Можни се тензии, конфликти и кризи, но месечевата енергија ќе ви даде емоционална сила и зголемена интуиција за надминување на сите пречки и предизвици.
Во овој период ве очекуваат нови пријателства со луѓе кои можат да ви помогнат емотивно, но и во кариерата. На работа ве чека напредок, самопромоција, а многу од вашите планови ќе бидат чекор поблиску до исполнување.
Исто така, оваа месечева фаза е добра за патување и за проширување на хоризонтите.
Прочитајте какви убави работи носи ретроградниот Јупитер од 20 јуни.