Претходно
Соодветна грижа: Како вашите растенија на балконот да го преживеат летото?
Овие неколку совети ќе ви помогнат да се грижите за растенијата на најдобар можен начин ова лето.
- Наводнувајте ги растенијата полека и темелно. Така водата продира длабоко во почвата до дното на саксијата. Ова им помага на растенијата да развиваат посилни и подлабоки корени.
- Наводнувајте ги растенијата наутро пред изгрејсонце. На овој начин, почвата ќе апсорбира доволно влага пред да испари водата поради топлината. Можете да ги наводнувате и навечер, но ако водата остане на растенијата, тоа може да доведе до габични заболувања.
- Бидете внимателни и не прскајте вода на лисјата на растенијата. Влагата може да доведе до болести, а на високи температури може да предизвика и изгореници на лисјата.
- Закопајте го прстот во земјата неколку сантиметри. Ова ќе открие дали почвата е влажна или треба да се наводни.
- Може да инвестирате во систем за наводнување капка по капка за да постигнете најдобри резултати. Ова помага при бавно и контролирано снабдување на растенијата со вода.
- Можете да користите сензор за влага за да ја откриете состојбата на почвата. Ова е најточен начин да откриете кога треба да ги наводнувате растенијата.
- Користете прекривка како искосена трева, струготини или суви лисја за да ја покриете почвата во саксиите. На овој начин, почвата ја задржува влагата со намалување на испарувањето.
- Заштитете ги вашите растенија од сонце и од ветер за да го намалите проблемот со сушењеto.
Погледнете кои растенија можете да ги садите во јуни за вашиот мирислив летен балкон.