Претходно
Сензација на ТикТок: Ова куче ужива во звукот на ѕвончињата на ветрот
Овој златен ретривер е најсреќен кога ползи меѓу ѕвончињата и започнува „да свири и да пее“. Неговиот сопственик објавува видеа на ТикТок, кои досега собрале околу еден милион и половина лајкови и над 50 000 следбеници. Кучето ги турка ѕвончињата со муцката и со завивање се обидува да го имитира звукот што го произведуваат. Тоа ужива во звуците на ѕвончињата и завива толку многу што во тие моменти не го интересира ништо друго.
Погледнете го ова куче што има највпечатливи фризури на Инстаграм.