КАФЕ ПАУЗА

Шарена престолнина: Ова е најголемиот парк на пеперутки во светот

Шарена престолнина: Ова е најголемиот парк на пеперутки во светот

Кокосовиот поток е неверојатно место што со право се нарекува светска престолнина на пеперутките. Токму таму, на јужниот брег на Флорида и на еден час од центарот на Мајами, се наоѓа нереално убавиот парк познат како Светот на пеперутките.rnrnШарена престолнина: Ова е најголемиот парк на пеперутки во светот rnrnТаму има шест различни градини, водопади, фонтани и езерца, два музеи, зоолошка градина со инсекти, лабораторија и, секако, дури 20 000 пеперутки (80 видови) од целиот свет. Ова го направи овој парк најголемиот парк на пеперутки во светот.rnrnПокрај пеперутките, таму има многу егзотични видови птици, скорпии, бубачки, оси итн. Во лабораторијата, посетителите можат да ги видат различните фази низ кои поминува пеперутката.rnrnТаму живее една од најголемите пеперутки во светот, чии тиркизно сини и црни крилја може да бидат со големина од 25 до 28 сантиметри.rnrnЌе ви требаат најмалку два часа да го обиколите целиот парк, а често и повеќе – во зависност од тоа колку ве фасцинираат овие животни и колку трпение имате со фотоапаратот во рака.rnrnКако што велат, Светот на пеперутките е „хоби на човек кој излегол од контрола“. Роналд Бендер уште како дете бил фасциниран од пеперутките, а неговата љубов кон пеперутките траела цел живот. Па, така, тој започнал со одгледување домашни пеперутки и градење куќарки за пеперутки, а потоа продолжил со патувања во странство за да најде и да донесе егзотични видови пеперутки и да гради ботанички градини што им одговараат.rnrnПаркот бил отворен во 1988 година, проследен со иницијативата „Да ги вратиме пеперутките“, а посетителите истакнуваат дека искуството е подеднакво возбудливо и за деца и за возрасни.rnrnШарена престолнина: Ова е најголемиот парк на пеперутки во светот rnrnШарена престолнина: Ова е најголемиот парк на пеперутки во светот rnrnШарена престолнина: Ова е најголемиот парк на пеперутки во светот rnrnПрочитајте ги овие 7 работи што не сте ги знаеле за најдолгиот пат во светот.