За овие спектакуларни планински предели вреди да патувате толку многу далеку.rn
1. Му Канг Чаи, Виетнам
rn
rnrnПолињата со ориз во рамките на планинскиот венец Хоанг Лиен Сон во северен Виетнам изгледаат како некаква сцена од бајките.rn
2. Виникунка, Перу
rn
rnrnПозната и како „планина во боите на виножитото“ или планина во 7 бои, Виникунка со право е едно од најценетите природни чуда во Перу и во светот.rn
3. Киркјуфел, Исланд
rn
rnrnКиркјуфел е најфотографираната планина на Исланд со уникатна положба на полуостровот Снафелснес. Нејзиниот врв изгледа како да излегува од водата, поради што привлекува многу љубители на природата.rn
4. Три сестри, Сини Планини, Австралија
rn
rnrnКарпата Три сестри е невообичаена форма пронајдена во рамките на Сините Планини во австралиската држава Нов Јужен Велс.rn
5. Доломити, Италија
rn
rnrnИако сите Алпи се спектакуларно чудо на природата, Доломитите, кои се наоѓаат во Италија, односно во провинциите Венето, Јужен Тирол и Трентино, се издвојуваат во овој планински масив.rn
6. Матерхорн, Швајцарија
rn
rnrnСписокот на зачудувачки планински области не би бил целосен без Матерхорн – планина во швајцарските Алпи што се издигнува на 4 478 метри надморска височина.rn
7. Андите, Лагуна Колорада, Боливија
rn
rnrnАндите се најдолгиот планински венец во светот, кој се протега на околу 7 200 километри во Јужна Америка. Особено убав е делот околу лагуната Колорадо во Боливија – црвено солено езеро кое привлекува фламинга.rn
8. Националниот парк Жангие, Кина
rn
rnrnВо центарот на Кина, во областа Сунан и Линза, се наоѓа Националниот парк Жангие, познат по своите шарени карпести формации што се сметаат за еден од најубавите кинески предели.rn
9. Фиц Рој, Патагонија
rn
rnrnНа границата помеѓу Аргентина и Чиле се наоѓа оваа неверојатна планина, која не се заборава откако ќе ја посетите еднаш.rn
10. Фуџи, Јапонија
rn
rnrnОваа вулканска планина висока 3 776 метри се смета за највисок врв во Јапонија и се наоѓа во централниот дел на островот Хоншу.rnrnПрочитајте повеќе за шарените планини со боја на виножито што се слева по врвовите.