5-те најдобри намирници за заштита на животната средина

5-те најдобри намирници за заштита на животната средина

Денот на планетата Земја е одличен потсетник за тоа која храна е добра кога станува збор за зачувување на животната средина. По тој повод, важно е да бидете свесни што јадете и какво влијание има врз вашето здравје и врз околината. Здравјето на поединецот е важен предуслов за здравјето на целото општество, а тоа се постигнува со правилна потрошувачка на храната, а овие 5 намирници ја поттикнуваат заштитата на животната средина.

5-те најдобри намирници за заштита на животната средина

1. Алги

Алгите се богати со хранливи материи и содржат есенцијални масни киселини, богати се со витамин Ц и јод, тие се одличен антиоксиданс и се полни со протеини. На јадењето му даваат посебен вкус, а ги содржат сите минерали потребни за човечкото тело. Покрај тоа, алгите не бараат никаква употреба на пестициди или ѓубрива.

2. Мешунки

Грав, леќа, грашок, наут – оваа храна богата со протеински состојки е одлична за варење на храната бидејќи спречува запек и го намалува ризикот од рак на дебелото црево. Мешунките се клучна храна за нашето опкружување бидејќи го привлекуваат азотот од воздухот и со тоа ги враќаат хранливите материи во почвата и ја збогатуваат.

3. Лиснат зеленчук

Кељот, спанаќот и руколата се исклучително богати со витамини А, Ц, Е и К. Тие помагаат во заштитата на коските од остеопороза, спречуваат воспалителни болести и го намалуваат ризикот од срцеви заболувања. Лисниот зеленчук се смета за една од најдобрите еколошки и одржливи намирници во светот – потребни се минимални ресурси за производство на големи количини. Тоа е плус и за вас и за околината.

4. Печурки

Печурките ќе му дадат посебен вкус на секој оброк и ќе го збогатат со своите протеини и влакна. Тие се добар извор на калиум, а содржат и фосфор и железо. Печурките користат кислород од воздухот за да се одржат во живот и консумираат готова храна од други организми. Производството на печурки бара многу помалку вода и енергија отколку другите земјоделски култури.

5. Житарки

Житарките нудат голем број придобивки кои го подобруваат здравјето, како што се диетални влакна, минерали, витамини и антиоксиданти. Тие ја формираат основата на прехранбената пирамида и затоа се исклучително важни.

Прочитајте кои се 5-те најголеми митови за рециклирањето и за животната средина.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар