Претходно
Рецепт за колач што ќе ви помогне да ослабите
Веднаш ќе посакате да го запишете рецептот и да го пробате овој колач.
Потребни состојки:
- 4 јајца
- 120 грама кајмак намаз
- 200 грама чоколадо од најмалку 75% какао
- 20 грама еритритол
- 20 грама какао во прав
- екстракт од ванила
- путер од лешник
Начин на подготовка:
Растопете го чоколадото на пареа или во микробранова печка. Одделете ги жолчките од белките. Цврсто изматете ги белките и додајте го еритритолот.
Изматете ги жолчките, додајте ги изладеното чоколадо и намазот. Соединете ја смесата со белките. Ставете малку екстракт од ванила и какао. Додајте путер од лешници.
Турете ја смесата во калап обложен со хартија за печење и печете 30 минути на температура од 180 °С. Послужете со шлаг или шумско овошје.
Погледнете го овој рецепт за бургери со тиквички и пилешко.