Направете го овој тест и откријте кои вежби се создадени за вас
Каков тип личност сте кога станува збор за вежбање? Нашиот тест ќе ви помогне да дознаете кој тип вежби треба да ги правите за да добиете најдобри резултати.
Од понеделник, пред лето… Колку пати си ветивте дека ќе се вратите во форма? Не можете да го направите тоа? Можеби едноставно не знаете кој тип вежби е идеален за вас.
1. Која е вашата главна цел за вежбање?
А) Стимулирање на производството на хормони на среќата
Б) Зголемување на мускулната маса и промена на обликот на телото
В) Тестирање на сопственото тело
Г) Ослободување од стресот и подобрување на менталното здравје
2. Колку пари сте подготвени да трошите месечно на вежбање?
А) Што е можно помалку
Б) Цена на 3- 5 кафиња
В) Цена на 10 кафиња
Г) Цена на 20 кафиња
3. Колку време сте подготвени да инвестирате неделно во вежбање?
А) Не повеќе од 2-3 часа
Б) 4 – 5 часа
В) 5 – 6 часа
Г) Секоја недела имам различно слободно време
4. Што ве спречува да вежбате?
А) Досада и недостаток на мотивација
Б) Недостаток на цел
В) Повреда поради прекумерно вежбање
Г) Работа и семејство
5. Колку сте подготвени да прифатите професионален совет?
А) Претпочитам да го сторам тоа сам
Б) Ми се допаѓа еднаш да ми се помогне, по што продолжувам сам
В) Би сакал некој да ме води
Г) Сакам да имам личен тренер кој детално ќе ја испланира мојата програма
6. Колку сте социјални на скала од 1 до 10?
А) 1 -3
Б) 4 – 5
В) 8 – 10
Г) 6 – 7
7. Колку вашата вештина во спортот го одредува вашиот тренинг?
А) Не ми е важно
Б) Ова е голем фактор
В) Понекогаш ми е важно
Г) Не спортувам
8. Колку сте конкурентни?
А) Јас воопшто не сум конкурентен тип
Б) Сакам да се натпреварувам со себе
В) Морам да победам
Г) Се обидувам да ја избегнам конкуренцијата, бидејќи тоа не е добро за моето ментално здравје
Која вежба е најдобра за вас?
Најмногу одговори под А:
Структурната вежба е неопходна за вас, но уживањето мора да биде клучен фактор. Ве советуваме да вежбате на отворено, без разлика дали е трчање, возење велосипед или пешачење во локалниот парк. Направете список со вежби што сакате да ги испробате, закачете го на фрижидерот и збогатувајте го со нови секој месец.
Најмногу одговори под Б:
Повеќе сакате да работите сами отколку во група. Одете во теретана и следете ја персонализираната, структурирана рутина. Најважниот фактор? Вежбајте на кратки сесии, што може да согори повеќе калории.
Најмногу одговори под В:
Сакате да гледате резултати – и брзо. Кросфит е создаден за вас – комбинација на гимнастика и интензивни кардио вежби ќе го доведат целото тело во ред за рекордно време. Пробајте различни верзии на вежби и менувајте ја структурата на вашата рутина на секои шест недели.
Најмногу одговори под Г:
Вие сте многу емотивни, но не можете да ги одделите чувствата од вежбањето, што доведува до премногу брз замор. Запишете се на час по јога, затоа што тоа е совршена форма на вежбање за да го подобрите вашето расположение, а исто така ќе го тренирате и вашето тело.
Интуитивно изберете слика и откријте што ве чека во љубовта.