Ледениот хотел во Квебек
Дали некогаш би сакале да престојувате во хотел направен целосно од мраз? „Hotel de Glace“ е уникатен хотел кој се наоѓа на само 10 минути од канадскиот град Квебек. Тој е тотално уникатен бидејќи од година во година изгледа различно. Тоа е така, бидејќи тој е направен од 15.000 тони снег и 500.000 тони мраз, па откако тие ќе се стопат, другата година се прави нов. За изградбата на хотелот се потребни околу 30 дена и помош од 60 работници.Хотелот има 36 соби, чиј ентериер е целосно направен од мраз. Иако можеби изгледа дека преспивањето во вакво место може да биде многу неудобно, сепак гостите не спијат директно на мраз. Врз креветот направен од мраз има душеци, вреќи за спиење, крзна и слично. Ѕидовите кои се дебели 1,2 метри, иако се направени од мраз, ја одржуваат температурата во собите, бидејќи делуваат како природен изолатор. Од хотелот исто така им се препорачува на гостите пред спиење да посетат сауна или топла бања, за да им биде уште потопло во текот на ноќта.Хотелот ќе биде официјално отворен на 6 јануари, а ќе работи од 25 март. Тој ќе биде достапен и за дневни тури, како и за разни прослави.
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
odlicno.. mnogu inspirativno i cudno ama ladno a romanticno