Во минатото, обичните луѓе во Јапонија не можеле да јадат многу ориз, бидејќи поголемиот дел бил резервиран за благородништво, а јапонските земјоделци го користеле оризот за да ги плаќаат своите даноци. Денес, не можеме да ја замислиме јапонската кујна без ориз, а ова вкусно и хранливо жито најде своето место и на полиците во нашата кујна. Оризот не служи само како гарнир, туку има многу придобивки за вашето тело.rn
1. Може да ви помогне да изгубите тежина
rn
rnrnБидејќи оризот има малку мрснотии и натриум и многу растителни влакна, тој може да биде одличен додаток во вашата исхрана за слабеење. Докажано е дека луѓето кои јадат кафеав ориз имаат помалку килограми и имаат помали шанси да се здебелат. Сепак, белиот ориз може да биде помалку ефикасен кога станува збор за слабеењето.rn
2. Ви помага да изгледате помладо
rn
rnrnЈапонските жени користат оризова вода за да имаат мазна и младешка кожа, но редовното јадење ориз може да ви помогне да го запрете биолошкиот часовник. Оризот содржи многу антиоксиданти што ги штитат клетките на вашата кожа од оштетување предизвикано од слободните радикали, па дури може и да ги измазнат постоечките брчки.rn
3. Го одржува здравјето на срцето
rn
rnrnРедовното јадење ориз е природен и вкусен начин за подобрување на здравјето на вашето срце. Бидејќи има антиинфламаторно дејство, спречува формирање плаки во крвните садови и го намалува ризикот од одредени срцеви заболувања, како што се срцев или мозочен удар. Оризот е богат и со флавоноиди, за кои е докажано дека се борат против разни срцеви заболувања.rn
4. Го регулира нивото на шеќер во крвта
rn
rnrnАко имате високо ниво на шеќер во крвта, јадењето ориз е добар начин да се борите против него. Но, подобро е да изберете кафеав ориз бидејќи има околу 3 пати повеќе растителни влакна и е богат со протеини. Кафеавиот ориз ви дава чувство на исполнетост, а јадењето 200 грама ориз на ден може да ви помогне да одржувате здраво ниво на шеќер во крвта.rn
5. Помага при варење на храната
rn
rnrnГолемата содржина на влакна во оризот може да го намали запекот и да помогне во регулирање на вашиот дигестивен систем. Бидејќи служи како природен диуретик, оризот го чисти вашето тело и ги исфрла токсините од вашиот организам, а со тоа им помага на бубрезите.rn
6. Го подобрува здравјето на нервниот систем
rn
rnrnАко јадете ориз редовно, вашиот нервен систем ќе ги почувствува неговите придобивки. На нервниот систем му требаат различни витамини од групата Б, а бидејќи оризот содржи многу видови витамини од групата Б, помага во регулирање на неговите биолошки процеси.rn
7. Го зголемува нивото на енергија
rn
rnrnОризот е еден од најздравите начини за зголемување на нивото на енергија. Телото има потреба од јаглехидрати за да може да ги трансформира во енергија. Бидејќи оризот е богат со здрави јаглехидрати, тој може да ви помогне кога ќе се чувствувате уморни.rnrnПрочитајте ги овие 10 совети што ќе ви помогнат да изгледате помладо.