Некои од правилата што ги применувате наутро може да влијаат на процесот на слабеење. Ако ги следите овие 5 правила, ќе имате совршен почеток на денот што ќе ви помогне на долг рок.rnrn
rn
1. Внесувајте најмалку 8 грама влакна
rnВлакната ќе ве одржат сити подолго, така што нема да посегнувате по закуски до ручекот. Затоа е важно вашиот појадок да биде богат со растителни влакна.rn
2. Појадувајте веднаш штом ќе се разбудите
rnКористете го потенцијалот на телото да согорува калории и да јадете кога ќе станете, односно не подоцна од еден час по будењето. На тој начин, го стимулирате метаболизмот и избегнувате напади на глад подоцна.rn
3. Јадете повеќе протеини и помалку шеќер
rnСлатката храна може да изгледа примамливо и идеално за прв оброк, но таа не е најдобриот избор. Овој вид храна има повеќе калории, а ви дава помалку енергија. Затоа, јадете храна богата со протеини, како што се јајцата и печивата од цели зрна.rn
4. Грижете се за големината на порцијата
rnПојадокот треба да биде обилен за да ве засити, но не треба да претерувате. Во принцип, не треба да внесувате повеќе од 350 калории.rn
5. Никогаш не прескокнувајте појадок
rnПрескокнувањето оброци не е добро решение ако сакате да изгубите тежина. Ова особено важи за појадокот. Квалитетниот појадок ќе ве засити, така што ќе трошите помалку калории во текот на денот и нема да имате зголемен апетит.rnrnПрочитајте што ќе се случи со вашето тело ако секое утро додавате јаворов сируп во вашиот појадок.