Следува астролошки период што ќе влијае врз овие 3 хороскопски знаци
Младата месечина во Риби, на 13-ти март, ќе трае околу 60 часа и може да биде катализатор на тага и меланхолија. Тогаш може да претерате со реакциите на еден од овие начини: или ќе ги преувеличувате своите емоции или ќе ги криете целосно за да изгледате како ништо да не допира до вас.
За време на оваа млада месечина, која ќе биде делумно или целосно во знакот на Риби, на 12-ти, 13-ти и 14-ти март, овие 3 хороскопски знаци ќе бидат во големо искушение.
Бик
Работата без задоволство не е добар рецепт за Бикот, иако многумина ќе посегнат по тоа. Биковите ќе бидат емотивно раздразливи и во овој период ќе бараат бегство на работното место или во некои проекти.
Првата лекција за Бикот за време на оваа млада месечина гласи: оставете ги професионалните одговорности настрана некое време и фокусирајте се на вашите лични потреби.
Се препорачува да читате книга, да шетате во природа и да се релаксирате.
Девица
Кога Месечината поминува низ Риби, луѓето родени во овој хороскопски знак се чувствуваат прилично добро. Сепак, луѓето родени во спротивниот знак, во Девица, мора да бидат претпазливи бидејќи тоа не е поволен период за нив.
Кога Месечината е во Риби, деновите се обвиени со мистерија. Емоциите имаат предност пред рационалното размислување.
Во овој период, Девиците може да се чувствуваат изгубено. Можно е некои припадници на овој хороскопски знак да бидат обземени од многу интензивни чувства, што ќе ги спречат во некои работи.
На Девиците ќе им биде тешко да се концентрираат на деловните задачи. Постои значителна можност за грешки во различни пресметки, но и за грешки што се случуваат поради невнимание. Силно изразените емоции негативно влијаат на работата.
Јарец
Зборовите можат да ве повредат и да ве лекуваат. Најтешката лекција за Јарците за време на младата месечина во Риби ќе биде како ефикасно да разговараат со најблиските за своите потреби. Ако останат затворени, Јарците ќе отворат нов круг проблеми.
Но, ако им покаже на најблиските дека ги разбира и ги прифаќа нивните критики, тие особено ќе го ценат трудот на Јарец.
Јарците имаат задача да ги изразат своите чувства на вистински начин и да ги прифатат и да ги обработуваат информациите што ги добиваат од другите без навреда.
Прочитајте кои 3 хороскопски знаци ќе ја пронајдат својата сродна душа оваа пролет.