КАФЕ ПАУЗА

Одберете слика и дознајте повеќе за периодот што ви претстои

Одберете слика и дознајте повеќе за периодот што ви претстои

Постојат разни начини да дознаете нешто повеќе за себе без многу размислување и анализирање. Еден од тие начини е следниов брз и едноставен тест каде што треба да одберете една од 6-те приложени слики. Одберете ја онаа што најмногу ве привлекува и дознајте што ќе ви се случува во блиска иднина…rnrnОдберете слика и дознајте повеќе за периодот што ви претстоиrnrn1. Зелено дрвоrnrn2. Дрво осветлено со сончеви зрациrnrn3. Долговечно дрвоrnrn4. Есенско дрвоrnrn5. Зимско дрвоrnrn6. Расцутено дрвоrnrnГо одбравте вашето омилено дрво? Во тој случај, подготвени сте да ги дознаете резултатите од овој тест на личноста…rn

1. Зелено дрво

rnАко сте го одбрале ова дрво, вие сте подготвени за големите промени кои ви претстојат. Фокусирајте се на она што сакате да го остварите и дружете се со луѓето кои имаат слични интереси на вашите. Ви следува период во кој ќе мора да донесете некои важни животни одлуки, па затоа немојте да се колебате, туку полека тргнете во акција.rn

2. Дрво осветлено со сончеви зраци

rnДоколку го одбравте ова дрво, вие сте остроумни и весели. Вашиот оптимизам и ентузијазам ги привлекуваат другите луѓе. Вие умеете во секоја ситуација да ја пронајдете светлата страна. Благодарение на ваквиот поглед кон животот, лесно ќе ги совладате проблемите што наскоро ќе се појават. Останете позитивни и никогаш не заборавајте дека по дождот доаѓа сонце.rn

3. Долговечно дрво

rnВие верувате во вредностите што се постојани и вечни. Не постои ништо на светот што може да ве поколеба. Вашите корени се силни и длабоки. Стоите цврсто на земјата и другите ве користат како нивна потпора. Ви претстои период во кој ќе им ја покажете вашата сила на луѓето кои сѐ уште не ве познаваат доволно.rn

4. Есенско дрво

rnАко го одбравте ова дрво, вие минувате низ фаза во која мора да се ослободите од минатото. Еден дел од вашиот живот завршил и време е да се помирите со тоа. Некое време ќе тагувате поради минливоста на нештата, повлечено и тивко, далеку од сите.rn

5. Зимско дрво

rnАко го одбравте ова дрво, тоа значи дека ги сумирате досегашните резултати и свесни сте дека наскоро ќе следуваат промени што ќе ве извлечат од монотонијата во која сте потонале. Размислете добро за сѐ, смирено и без брзање и потоа направете нови планови за иднината.rn

6. Расцутено дрво

rnВие сте во потрага по нови работи кои ќе ве восхитат и ќе ве направат среќни. Весели сте и позитивни и имате чувство дека ви претстои многу возбудлив период. Сосема сте во право! Наскоро ќе се разбудат сите ваши таленти и можности, а можно е и да се вљубите повторно!rnrnДоколку ви се допадна овој тест, изберете дрво и дознајте што тоа открива за вашиот карактер.