Овие прекрасни сукуленти изгледаат како бонбони

Овие прекрасни сукуленти изгледаат како бонбони

Овој сукулент наречен и „свинско уво“, е особено популарен за размножување. Официјално наречен котиледон орбикулата, тој е брзорастечки сукулент кој е посебен поради овалната форма на сиво-зелени лисја и розовата боја. Познато е дека има лековити својства и е по потекло од Африка, но беше увезен во Европа и веќе стана добро воспоставен тука.

Како и кај сите сукуленти, треба да имате предвид неколку работи. Првата е да им се даде доволно светлина за да можат да растат големи. Тие не толерираат многу вода, бидејќи нивните лисја се дизајнирани да складираат вода, затоа бидете внимателни при наводнување. Најдобрата варијанта на наводнување е да ја потопите теглата (со дупки) на половина со вода и да ја оставите околу 15 минути. Тие ќе земат вода колку што е потребно, и од суштинско значење е добро да се исцеди пред да се врати во декоративната тегла. Иако секој сукулент е различен, овој вид наводнување треба да се прави приближно на секои две недели. Неговите шармантни лисја ќе ги маѓепсаат сите, и совршено ќе се вклопат во веќе постоечките зелени растенија.

 

Ver esta publicación en Instagram

 

Una publicación compartida de Plantitas Mias (@plantitasmias)

 

Ver esta publicación en Instagram

 

Una publicación compartida de Plantonomasia (@plantonomasia)

Погледнете ги овие 10 идеи како да го уредите дворот и да ги поканите птиците во него.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар