Кревет во скриена пештера каде едно ноќевање чини 180 евра
Пред 600 години, оваа скриена пештера во близина на Седона, во американската држава Аризона беше дом на Индијанци, а денес е достапна за истражување за сите заинтересирани кои се подготвени да платат за ова незаборавно искуство.
Пештерата се наоѓа на приватен имот среде пустината и близу до засолниште за волци. Точната локација ќе им биде дадена само на оние кои ќе го резервираат своето место преку онлајн-платформата Airbnb по цена од околу 180 евра за една ноќ. Покрај пештерата, имате пристап и до просторија со бања. Направени се минимални модификации за живеење за да се зачува автентичноста на местото. Постои спална соба со кревети за вкупно четири лица. Забрането е носење чевли во внатрешноста на пештерата, како и слушање гласна музика.
Тука се живее во хармонија со природата и се јаде исклучиво вегетаријанска храна. Поради предизвикувачкиот терен, односно ненадејните подеми и падови во близина на пештерата, забрането е пиење алкохолни пијалоци. Од безбедносни причини е забрането да се пали оган на имотот, но и да се носат мали деца. Ова место е особено препорачливо да го посетите во текот на летото кога температурите во пештерата можат да бидат постудени отколку во останатата топла Аризона.
Прочитајте и за ова шармантно село во Англија со уредни и шармантни куќички, поплочени улици, па дури и фарма за магариња.