Претходно
Едноставен рецепт за колачиња со мед
Крцкави, но сочни колачиња без јајца на кои можете да им додадете ореви или бадеми за подобар вкус.
Потребни состојки:
- 50 гр мед
- 300 гр ‘ржано брашно
- 100 милилитри вода
Начин на подготовка:
- Растворете го медот во водата.
- Додајте го брашното. Потоа, месете ја смесата за кратко време. Со помош на лажичка, формирајте колачиња и ставете ги во тава обложена со хартија за печење.
- Печете на 200 Целзиусови степени околу 10-15 минути.
Можеби ќе сакате да го пробате и овој рецепт за чоколадна фантазија што се топи во устата.