Дали знаевте дека користењето сламка за пиење е добро за развојот на вашето дете?

Дали знаевте дека користењето сламка за пиење е добро за развојот на вашето дете?

Кога е време да се фрли шишето, некои родители му даваат на своето дете чаша со сламка за пиење, додека други се одлучуваат за чаша со цуцла. И двете се одлични, но која чаша е подобра за развојот на вашето дете? Еден педијатар вели дека чашите со сламки се подобри, а еве и зошто.

Движењата што се користат за пиење од сламка можат да му помогнат на вашето дете да ги зајакне мускулите на усните, образите и вилицата, што може да помогне при подобро изговарање на некои многу важни говорни звуци, како што се /ш/, /ч/ и /џ/. Според педијатрите, децата треба да започнат да го оставаат шишето на 12 месеци, а одличен следен чекор е чашата со сламка. Советуваат да започнете да му давате прво вода, а потоа, кога ќе се навикне, можете да започнете и со млеко.

Дали знаевте дека користењето сламка за пиење е добро за развојот на вашето дете?

Прочитајте и како да му дадете лек на бебето без никаков проблем.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар