Нов изум: Корејски гаџет за оние на кои навистина им недостасува патувањето
Додека ги чекаме деновите кога повторно ќе го поминуваме времето во слобода, спиејќи на аеродромите и во моментот кога тркалата на авионот се одвојуваат од пистата во непознатото, кризата со апстиненција може да биде ублажена со овој нов изум, односно оригиналната ЛЕД-светилка. Корејската компанија „Oneroommaking“ дизајнираше светилка која го имитира погледот низ прозорецот на авион.
Постојат две варијанти на светилката – зајдисонце и изгрејсонце, во зависност од тоа каков тип сте и без разлика дали уживате во златни тонови или повеќе сакате црвеникави нијанси. Светилката во форма на прозорец од авион има неколку димензии, а најмалата е висока 25 центиметри и чини околу 1600 денари.
Моќеби ќе сакате да ги погледнете и овие 15 кујнски садови што ќе ве освојат со својата харизма.