Овој инстаграм-профил ни открива како навистина изгледаат парижанките кога шетаат низ град

Овој инстаграм-профил ни открива како навистина изгледаат парижанките кога шетаат низ град

Модниот пакет што се влева во градот на светлината за време на модната недела обично има планирана гардероба за едномесечен маратон во модните метрополи, а во Париз особено се обидува да ги импресионира фотографите и публиката со скапи и впечатливи модни изданија.

Но, како изгледаат улиците на Париз во остатокот од годината? И, како навистина се облекуваат парижанките? Многу содржини се напишани за нивниот стил, во обид да се демистифицира што го прави нивниот начин на облекување толку посебен. Еден одличен инстаграм-профил ни покажа како навистина изгледаат парижанките секојдневно додека шетаат низ градот.

Профилот на Инстаграм ги документира секојдневните модни изданија на парижанките. Тие можеби работат или не работат во модната индустрија, тие се жени од различни возрасти и со стилови, но она што дефинитивно ги обединува е стилот и фактот дека фотографиите од нивните комбинации се направени спонтано.

Можеби ќе сакате да дознаете повеќе и за овие 14 работи што Французинките не ги прават по 30-тата година од животот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар