Британските лекари ја истражуваа врската помеѓу одењето и срцевите заболувања со фатален исход.rnrn
rnrnЛуѓето со бавно одење умираат двојно почесто од срцеви заболувања, покажуваат резултатите од обемното истражување на британските лекари.rnrnСпецијалистите следеле 230 000 жени и 190 000 мажи на возраст од 39 до 74 години во период од шест години. Учесниците во експериментот редовно правеле тестови за физичка подготовка и за општата состојба на организмот.rnrnИсто така, тие давале извештаи за темпото со кое се движеле. Се разбира, биле земени предвид и други фактори, како што се: алкохол, цигари, хронични болести, деловен статус, етничка припадност. Но, основната работа било темпото на одење.rnrnОдење со бавно темпо и поголема телесна тежина се причините за зголемена смртност кај учесниците во истражувањето. За време на истражувањето, починале 8 598 луѓе, од кои 1 188 мажи и 466 жени починале од срцев удар. Меѓу нив имало двојно повеќе луѓе, кои обично оделе полека.rnrnОбратните резултати од истражувањето го потврдиле претходниот заклучок дека брзото одење помага да се избегне развој на срцеви заболувања.rnrnИстовремено, брзината на одење не е поврзана со ризикот од рак. Но, долгиот работен ден, повеќе од 55 часа неделно, предизвикува аритмија и го зголемува ризикот од предвремена смрт за 40% во споредба со оние кои работат 35-40 часа.rnrnПрочитајте ги овие 10 популарни митови за медицината за кои експертите велат дека се лага.
Истражување: Колку долго ќе живеете зависи од брзината на одење
