Што да направите кога ќе си го изгорите јазикот?

Што да направите кога ќе си го изгорите јазикот?

Ова обично се случува кога јадете намирници како кашкавал, компири или месо, бидејќи оваа храна ја задржува топлината подолго време.

Што да направите кога ќе си го изгорите јазикот?

Повеќето изгореници на јазикот се сметаат за изгореници од прв степен, што значи дека е оштетен само неговиот надворешен слој. Сепак, тоа е доволно за да предизвика болка, црвенило или оток. Во такви ситуации, никогаш не треба да трчате до фрижидерот по мраз бидејќи на тој начин, поради чувствителноста на јазикот, горниот дел од ткивото може да замрзне и да се оштети.

Наместо тоа, ставете коцка или лажичка шеќер во устата и шмукајте го. На тој начин, едно од најлошите чувства на светот треба брзо да исчезне. Ако сè уште чувствувате болка, можете да ја повторите техниката.

Најдобро од сè е што овој трик може да се примени насекаде – без разлика дали сте си го изгориле јазикот дома или во ресторан. Следниот пат кога ќе си го изгорите јазикот со храна или со пијалак, знаете што треба да направите.

Погледнете ги овие 7 работи што веројатно не знаевте дека можете да ги направите со вашиот јазик.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар