Жителите на Западен Бенгал во Индија претежно се занимаваат со сушење ориз. Туркањето бесконечни ридови ориз на површината, под жешкото индиско сонце, им го исполнува секојдневието. Иако од далечина ова изгледа како зен-градина, нема ништо лесно или смирувачко во оваа макотрпна работа.rnrnЦелта е да се исуши зрното од ориз за да може да се пакува и потоа да се дистрибуира. Оваа работа е исклучително тешка бидејќи зрното ориз не смее да се прегрее, во спротивно ќе пукне и ќе се изгуби квалитетот. Затоа, работниците постојано превртуваат и мешаат ридови ориз, така што секое зрно се суши рамномерно. Типичниот работен ден на овие луѓе започнува во 3 часот наутро и трае до доцна попладне.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnМожеби ќе ве интересира и како изгледа животот во племето Агора!
Еве како изгледа сушење ориз во Индија: Работа што му ја одзема сета сила на работникот
