КАФЕ ПАУЗА

Важни нешта што треба да ги знаете за хроничната несоница

Важни нешта што треба да ги знаете за хроничната несоница

Најверојатно сметате дека станува збор за хронична несоница само во случаи на екстремен недостаток од сон. Но постојат разни шеми на испрекинат сон кои можат да бидат предизвикани од хронична несоница.rnrnВажни нешта што треба да ги знаете за хроничната несоницаrnrnИако ова нарушување има влијание врз луѓе кои воопшто не можат да спијат, хроничната несоница вклучува и симптоми кои траат подолг период, односно, симптоми кои се повторуваат 3 пати неделно во текот на еден месец или подолго.rn

Кои се најчестите причини за ова нарушување?

rnПојавата на хроничната несоница зависи од многу фактори. Вашиот циклус на спиење може да биде испрекинат од многу нешта – од фактори во опкружувањето како загадување со звук, па сè до проблеми со физичкото и менталното здравје.rnrnНарушувањето може да биде предизвикано и од злоупотреба на дрога и алкохол, психолошки проблеми како депресија и анксиозност, физички заболувања и лоши навики за спиење. Покрај тоа, и животните навики имаат голема улога во појавата на несоницата. Пиењето премногу алкохол или кафе, особено пред спиење, може да ја активира хроничната несоница. Исто така претераната употреба на електронски направи пред спиење може да го стимулира мозокот и да има лошо влијание врз сонот.rn

Кои се последиците од хроничната несоница?

rnИспрекинатото спиење може да има навистина лошо влијание на вашето здравје. Недостатокот од одмор му создава притисок на телото. Хроничната несоница може да претставува проблем во многу аспекти од животот, како на пример желбата за секс, меморијата и способноста за расудување. Исто така, кога нивото на енергија ви е ниско може да чувствувате анксиозност, депресија или раздразливост.rn

Како да ја лекувате хроничната несоница?

rnЛекувањето може да биде со терапија, апчиња за спиење препишани од лекар или апчиња за пиење што се издаваат без рецепт. Лекарите препорачуваат апчињата да бидат последен избор за лекување на несоницата бидејќи можат да предизвикаат зависност.rnrnЕден од најефективните начини за справување со хроничната несоница е когнитивно-бихејвиоралната терапија. Со нејзина помош можете да го промените однесувањето што ја предизвикува вашата хронична несоница. Некои од техниките што ќе ги научите за време на оваа терапија се вежби за релаксација, реконструкција и рестрикција. Со овие техники ќе се релаксирате, ќе заспиете и ќе спиете подолго.rnrnПробајте ги и овие ефикасни техники што ќе ви помогнат да се справите со несоницата.