Ѕидни полици: Експериментирајте со формите во детската и во дневната соба

Ѕидни полици: Експериментирајте со формите во детската и во дневната соба

Ѕидната полица е едно од најфункционалните парчиња мебел што може целосно да го промени просторот во кој се наоѓа. Полиците не служат само како место за складирање вредни предмети, туку тие му додаваат и уникатност на ентериерот, особено ако добро ги вклопите.

На пример, во дневната соба е најдобро да ги сместите над телевизорот ако имате простор. Набавете „лебдечки полици“ што совршено ќе го пополнат тој простор и ќе привлечат внимание над телевизорот, а не само на екранот.

Љубителите на книги може да ги стават омилените наслови на тие полици. Ако сакате да внесете поголема живост во просторот, ставете растенија на полиците. Комбинирајте ги боите на полиците со друг мебел или нека бидат во целосен контраст ако сакате да ги потенцирате.

На детските соби секогаш им е потребен дополнителен простор за складирање играчки, книги и други предмети. Убавата полица во бела и златна боја може да ѝ додаде модерен допир на детската соба, а нема да погрешите со полиците во малку поневообичаени форми.

Полиците може да ги распоредите и во форма на куќа со покрив, а децата ќе бидат воодушевени и со задоволство ќе учествуваат во украсувањето на просторијата и во престојот во неа, но и во нејзиното чистење. Меѓутоа, ако не сакате децата да турнат сè од полиците, ставете ги високо на ѕидот.

Полиците се одличен додаток и во оставата и кујната, особено ако ги поставите низ целата просторија.

Оние кои сакаат да читаат книги можат да одвојат дел од ходникот или од дневната соба и да постават полици по целиот ѕид.

Во однос на материјалите, полиците од дрво и метал изгледаат одлично во индустриски средини, а стаклото добро ја надополнува современата естетика. Тркалезните или затворените полици поставени на ѕидот изгледаат многу модерно.

Ѕидните полици во форма на дијамант во златна боја му даваат луксузен допир на секој простор, а на нив можете да ги чувате највредните предмети. Полиците стануваат сè поинтересни, па затоа доаѓаат и во форма на дрво на кое можете да ставите книги.

Покрај тоа што ќе бидат функционални, тие ќе ѝ дадат посебна нота на просторијата во која се наоѓаат и сигурно нема да останат незабележани.

Погледнете ги овие 10 трендови за уредување на бањата што ќе бидат популарни оваа година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар