8 вештини што ќе ви го спасат животот кога секоја секунда е важна
Дури и кога изгледа дека ситуацијата е навистина лоша и нема излез од неа, вашиот мозок всушност може да направи некаков трик. Во критични ситуации, кога мозокот открива ризик или закана, тој активира систем за преживување и се подготвува за брза реакција. Во продолжение прочитајте какви практични вештини има складирано во вашиот мозок што може да бидат корисни во критични ситуации.
1. Отровен убод од скорпија
Убодот од скорпија обично е доста болен кај здравите возрасни лица, но не е секогаш опасен по живот. Сепак, во одредени делови од светот има и отровни скорпии, светлокафеави со малку потемен грб и имаат должина од 5 до 7 цм и отров доволно силен за да предизвика сериозни симптоми. Овие несакани ефекти може да се состојат од плитко и брзо дишење, висок крвен притисок, забрзана работа на срцето, слабост и мускулни грчеви.
Ако мислите дека ве каснала отровна скорпија, веднаш побарајте медицинска помош. Исто така, обидете се внимателно да ја фатите или да ја фотографирате и да му ја покажете на лекарот за да може да ви даде соодветен противотров.
2. Алергиска реакција
Дури и најобичните работи, како сонцето или овошјето, може да предизвикаат алергиски реакции кај некои луѓе. Најопасна меѓу нив е анафилаксата, која може да биде фатална. Знаци на анафилакса може да бидат реакции на кожата, отежнато дишење или проблеми со дишењето, зашеметеност, слаб и брз пулс, вртоглавица, оток на лицето итн.
Оваа состојба треба да се третира веднаш, па затоа треба веднаш да викнете брза помош. Покрај тоа, можете да се обидете да помогнете во следниве постапки:
- Погледнете дали има епинефрин и користете го.
- Обидете се да ја смирите личноста.
- Помогнете ѝ да легне на грб.
- Свртете ја настрана ако повраќа или крвари.
3. Труење со јаглерод моноксид
Овој гас нема мирис, па може дури и да не забележите дека всушност го вдишувате. Симптомите на труење не се секогаш очигледни и може да вклучуваат главоболка, вртоглавица, замор и збунетост, краток здив и отежнато дишење.
Ако забележите дека има испуштање јаглерод моноксид во вашиот дом, направете го следново:
- Престанете да ги користите сите апарати и исклучете ги.
- Отворете ги вратите и прозорците за да го проветрите просторот.
- Веднаш излезете од куќата или станот.
- Останете смирени за да избегнете покачување на срцевиот ритам.
- Посетете лекар.
4. Торнадо
Иако најсилните торнада може да предизвикаат сериозно уништување, тие се ретки. Повеќето торнада се многу послаби и можете да ги преживеете ако го направите следново:
- Пронајдете подрум или просторија без прозорци на најнискиот кат, како што е бањата.
- Стојте подалеку од прозорците.
- Застанете под нешто цврсто како тешка маса. Покријте ја со ќебе или душек. Заштитете ја главата со сè што е на располагање.
5. Смрзнатини
Ако сте престојувале надвор на ладно премногу долго и некои делови од вашето тело се ладни и болни, можеби страдате од смрзнатини. Ако се посериозни, може да имате и знаци на хипотермија, што може да предизвика постојано треперење или брзо дишење. Оваа состојба треба да се третира веднаш и пред да побарате стручна помош, треба да ги преземете следниве активности:
- Одете на топло место колку што е можно побрзо.
- Не вршете притисок врз оштетената област.
- Ставете ја замрзнатата површина во бања со топла вода на температура од 40 °C до 41 °С.
6. Отровни печурки
Секој што сака да собира печурки треба да научи како да разликува кои печурки се безбедни за јадење, а кои се отровни. Ова може да се направи со проверка на визуелните карактеристики.
- Проверете дали горниор дел е во форма на чадор. Ако е така, таа е токсична.
- Многу токсични печурки имаат обоени дамки на горниот дел, како кафеави дамки на белите печурки или бели брадавици на црвените печурки.
- Идентификувајте ги токсичните печурки со отпечаток од спори. Печурките што се јадат имаат бел отпечаток од спора, додека смртоносните имаат кафеава спора.
7. Тешко крварење
Оваа состојба е многу сериозна и опасна по живот, па затоа пред да стигнете во болница, треба веднаш да го направите следново:
- Отстранете ја облеката од раната и не обидувајте се да ја исчистите во овој момент.
- Ставете стерилен завој на неа.
- Цврсто притиснете го завојот со вашата дланка додека не престане крварењето.
- Покријте ја личноста со ќебе за да спречите губење на топлината на телото.
8. Напад од змија
Ако наидете на змија во вашиот дом или на некое друго место, сторете го следново за да се обидете да ја спречите да ве нападне.
- Останете смирени. Движете се тивко и полека.
- Не обидувајте се да ја допрете.
- Обидете се да ја покриете со тешко ќебе или со парче ткаенина за да ги ограничите нејзините движења.
- Повикајте специјална служба за фаќање змии да дојде и да ја фати.
Погледнете ги овие 8 трикови што ќе ви помогнат да избегнете некои непријатни ситуации.