Чоколадни банани што секој може да ги направи дома
Некои рецепти бараат многу време, додека други лесно се подготвуваат за само неколку минути и од само неколку состојки, како овие чоколадни банани со кикиритки.
Ова е многу лесен рецепт што речиси секој може да го направи. Најтешкиот дел? Чекањето да се зацврсти чоколадото!
Чоколадото и бананата се совршен пар. Кога ќе додадете вкус на кикиритки, ќе добиете опасно добра комбинација што потсетува на здрава верзија на популарното чоколадо Сникерс.
Потребни состојки:
- 1 банана
- 4 лажици путер од кикиритки
- 150 гр чоколадо
- 50 гр кикиритки
Начин на подготовка:
- Исечкајте ја бананата на мали парчиња. Вметнете чепкалка за заби во секое парче.
- Ставете путер од кикиритки на едната страна од бананата, а потоа таа страна се потопува во мелени кикиритки.
- Стопете го чоколадото во микробранова печка или на пареа и натопете ги бананите во чоколадото.
- Ставете ги бананите на хартија за печење и ставете го чоколадото во замрзнувач 10 минути или во фрижидер околу 20 минути. Добар апетит!
Совет плус:
Наместо путер од кикиритки, можете да користите путер од бадем, лешник или индиски ореви, а бананите да ги украсите по желба.
Можеби ќе сакате да го пробате и овој неодолив шведски десерт.