Стилови на поврзување кои влијаат на квалитетот на врската: Кој е вашиот и како да го промените?

Стилови на поврзување кои влијаат на квалитетот на врската: Кој е вашиот и како да го промените?

Кога станува збор за љубовните врски, сите се однесуваме поинаку, а тоа најлесно се забележува по првата кавга или по првото несогласување за некоја ситница.

Стилови на поврзување кои влијаат на квалитетот на врската: Кој е вашиот и како да го промените?

Јасно е дека некои луѓе сакаат да се повлечат, да поминат време сами и потоа да ги средат работите, додека други ќе реагираат веднаш. На сличен начин, овие разлики се забележуваат многу лесно со набљудување на односот на партнерот кон другите луѓе. Дали е љубоморен, дали ги гледа другите како закана, дали е посесивен и дали му е тешко да ги покаже чувства и да биде интимен? Овие разлики се присутни во врските бидејќи секоја личност има различен стил на поврзување.

Што се стиловите на поврзување?

Стиловите на поврзување ги претставуваат емоционалната врска и моделите на однесување на луѓето во љубовната врска и во врските со другите луѓе. Оваа теорија е развиена од Џон Боулби и Мери Ајнсворт, кои откриле дека начинот на кој родителите ги исполнуваат емотивните потреби на новороденчињата, во голема мера влијае на нивниот понатамошен однос со другите луѓе. Иако оваа теорија првенствено се однесува на родителската грижа за децата, некои психолози сметаат дека врската со другите луѓе, како што се браќа и сестри, баби и дедовци или други луѓе кои биле во вашиот живот за време на детството, во голема мера влијае на вашиот стил на врзување. Исто така, стилот на приврзаност може да биде под влијание на разни трауми од тоа време. Во продолжение прочитајте какви стилови на поврзување постојат.

Сигурен стил

Овој стил се карактеризира со можноста за лесно влегување во емотивна блискост со партнерот и со пријателите. Луѓето кои припаѓаат на овој стил не се плашат да зависат од другите или да им дозволат на другите да зависат од нив. Тие не чувствуваат непријатност кога треба да им ги покажат своите чувства на другите и се чувствуваат самоуверено во врските. На таквите луѓе им е многу полесно да го преболат раскинувањето, а кога има конфликт во врските, нема да бегаат, да се караат или да се чувствуваат вознемирено. Иако според оваа теорија, сигурниот стил на поврзаност вклучува луѓе чии родители развиле силна и здрава врска со своите деца од самиот почеток, сигурниот стил на приврзаност може да им припаѓа и на луѓе кои доживеале одредени трауми и немале „среќно“ детство.

Анксиозен стил

Овој стил се развива главно кај оние луѓе чии родители не одговориле на нивните потреби во детството. Таквите луѓе подоцна развиваат тешкотии во постигнувањето емотивна блискост и имаат тенденција да запаѓаат во таканаречени вознемирувачки зависни односи. Во моментите на наидување на пречки во врската, припадниците на овој стил на поврзување имаат потреба да остварат уште посилен контакт со својот партнер, а ако тоа не е можно, тие запаѓаат во голема вознемиреност и негативност. Нивната област на развој е да воспостават попозитивна слика за себе и да постигнат поголема независност.

Избегнувачки стил

Овој стил може да се опише како стил чии припадници се стремат кон независност. Тие реагираат на проблемите во врската со оддалечување од својот партнер и се стремат кон уште поголема независност. Таквите луѓе не наоѓаат исполнетост во односите со другите луѓе, тешко им е да зборуваат за сопствените емоции и често имаат чувство на гушење во врската. Нивната област на развој е реализација на блискост и интимни односи со другите.

Неорганизиран стил

Овој стил на поврзување е резултат на амбивалентност и нестабилност на родителите и нивниот став кон децата. Имено, ваквите родители во еден момент му даваат поддршка на своето дете, а во друг момент го одбиваат. Ова создава збунетост и нестабилна слика за себе кај детето, што доведува до развој на нестабилни обрасци во однесувањето. Луѓето кои припаѓаат на овој стил на приврзаност би сакале да постигнат емоционална блискост со другите луѓе, но не знаат како и им е тешко да го постигнат тоа. Припадниците на овој стил се карактеризираат со осцилации помеѓу интензивните емоции и повлекувањето. Нивната област на развој е воспоставување контакт со сопствените емоции и нивно регулирање, како и развој на интимни односи.

Како стиловите на поврзување влијаат на вашите љубовните врски?

Експертите забележуваат дека луѓето што припаѓаат на еден стил на поврзаност обично привлекуваат луѓе кои припаѓаат на истиот стил и најчесто се чувствуваат чудно и лошо ако се обидат да имаат врска со личност што има друг стил на поврзување. Освен фактот дека стилот на поврзување влијае на вашите романтични врски, факт е дека и врските можат да влијаат на вашиот стил на поврзување. На пример, ако сте во токсична врска подолго време, тоа може да влијае на вашата самодоверба, на изразувањето емоции и слично. Но, добрата работа е што еден стил на поврзување не мора да трае цел живот. Можете да работите на стилот на поврзување, како и на сите други работи. Затоа, не грижете се ако сте бегале од луѓето цел живот или ако сте биле премногу и нездраво приврзани за нив. Сето ова може да се промени со работа на себе и со помош на професионалци. Со запознавање и прифаќање на себеси и со подобрата и поубава врска што ја создавате со себе и со вашите мисли ќе развиете поздрав стил на поврзување и поздрави односи со другите луѓе.

Погледнете ги овие докажани начини што ќе ѝ помогнат на вашата врска да се движи во вистинската насока.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар