Нова романтична комедија со прекрасната Џенифер Лопез и уште една латино ѕвезда!

Нова романтична комедија со прекрасната Џенифер Лопез и уште една латино ѕвезда!

Филмските улоги во романтични комедии дефинитивно ја одведоа Џенифер Лопез во редовите на најпрепознатливите актерки. Оваа година таа ќе се обиде повторно да ги украде срцата на публиката со уште еден филм.

„Marry Me“, во која глуми со уште латино ѕвезда – Малума и со актерот Овен Вилсон, е приказна која следи позната пејачка (Џенифер) која требаше да се омажи за подеднакво славен музичар (Mалума) пред многу фанови, но неколку моменти пред да го каже нејзиниот завет дознава дека тој бил неверен и таа решава да се омажи за друг. Односно, таа решава да се мажи за странец (Овен) кој во публиката држи знак на кој пишува „Омажи се за мене“.

Трејлерот за филмот сè уште не е објавен, но кратко видео кое ги прикажува главните sвезди и неколку сцени од филмот е објавено на официјалниот профил на филмот на Инстаграм, а можете да го проверите подолу.

 

Ver esta publicación en Instagram

 

Una publicación compartida de Marry Me (@marrymemovie)

Можеби ќе сакате да ги погледнете и овие 5 филмови за љубовните врски и за сексуалноста од кои ќе научите многу работи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар