КАФЕ ПАУЗА

Градови кои тонат: Дали овие светски метрополи ќе постојат за 100 години?

Градови кои тонат: Дали овие светски метрополи ќе постојат за 100 години?

Судбината на градот кој нема веќе да постои за 100 години затоа што потона звучи прилично тажно. Следните градови тонат, но нивните власти прават многу за да ја задржат „главата“ над водата, а дали ќе успеат, ќе покаже времето.rnrnГрадови кои тонат: Дали овие светски метрополи ќе постојат за 100 години?rn

1. Џакарта

rnСекоја година, главниот град на Индонезија тоне. Причината за ова е прекумерно испумпување вода и ако работите продолжат со ова темпо, до 2050 година голем дел од градот ќе биде под вода. Сепак, индонезиската влада, наводно, одобри план за преместување на главниот град од сегашната локација, но прашањето е како да се спроведе. Ова би заштитило 10 милиони жители од поплави, но целата работа би чинела повеќе од 26 милијарди евра и ќе трае десет години.rn

2. Венеција

rnИталијанската убавица е добро позната и многу ни се познати сцените и снимките кога беше поплавена. И покрај различните начини и техники кои се обидуваат да го запрат тонењето, Венеција сè уште тоне, а пред неколку недели повторно се поплави. Во секој случај, веруваме дека иднината ќе донесе спас и дека туристите сепак ќе можат да уживаат во шармот на градот.rn

3. Хјустон

rnИ овој град во Тексас тоне, а причината е наводно иста како и во Џакарта – прекумерно испумпување вода.rn

4. Лагос

rnНа поранешната престолнина на Нигерија исто така ѝ се заканува тонење. Тој е многу низок и се предвидува дека дури и мало покачување на нивото на морето ќе има катастрофален ефект врз него. Ако нивото на морето продолжи да се зголемува поради глобалното затоплување, Лагос многу брзо ќе мора да смисли начин како да се одбрани.rn

5. Бангкок

rnСитуацијата е далеку од идеална во главниот град на Тајланд, кој може да биде во неволја за десет години. Високите облакодери што ги изградија доведоа до ситуации кога земјата се распаѓа самостојно. Како ќе се реши овој проблем, ќе видиме за неколку години.rnrnПрочитајте за ова генијално езерце на кое може да се лови риба низ прозорецот.