КАФЕ ПАУЗА

Шармантна колиба изградена за 500 долари со стари прозорци

Шармантна колиба изградена за 500 долари со стари прозорци

Сместена во планините на Западна Вирџинија, САД, оваа интересна колиба е изградена од страна на фотографот Ник Олсон и дизајнерката Лајла Хорвиц, од стари, употребени прозорци. Издигнатата куќа, далеку од нивниот дом во Милвоки, Висконсин, има креативна фасада со прозорци во различни големини, која му дава артистички стил, кој е истовремено модерен и рурален. Куќата пред сè ја презентира трудољубивоста и штедливоста на овој пар.rnrnШармантна колиба изградена за 500 долари со стари прозорциrnrnСобирајќи ги повеќето од потребните материјали од околната напуштена плевна, креативното дуо успеало да ја конструира оваа неверојатна стаклена колиба, за само 500 американски долари и неколкумесечна напорна работа.rnrnШармантна колиба изградена за 500 долари со стари прозорци Шармантна колиба изградена за 500 долари со стари прозорциrnrnОлсон и Хорвиц не престојуваат постојано во колибата, бидејќи примарно живеат во нивниот дом во Милвоки, но уживаат одвреме-навреме да побегнат во фантастичната природа. И покрај тоа што во колибата нема струја и водоводна инсталација, сепак таа нуди освежувачка уникатност, која совршено се вклопува со природното окружување.rnrnШармантна колиба изградена за 500 долари со стари прозорци Шармантна колиба изградена за 500 долари со стари прозорциrnrnХорвиц вели дека кога заоѓа сонцето, во колибата се создава спектакуларно лајтшоу низ прозорците. „Тогаш изгледа како да гори оган низ целата куќа“ – вели таа.rnrnШармантна колиба изградена за 500 долари со стари прозорциrn

rn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.