10 моќни приказни што се кријат зад тетоважите на познатите личности

10 моќни приказни што се кријат зад тетоважите на познатите личности

Кога ќе видите тетоважа, никогаш не знаете што значи тоа за одредена личност, а познатите личности не се исклучок од тоа. Една мала ѕвезда може да претставува баба, додека навидум обичен натпис ги потсетува да го почитуваат она што го имаат. Цели приказни за борби, загуби, семејство и напорна работа може да се видат во едноставни, но експресивни тетоважи. Во продолжение ќе ги откриете најмоќните причини што ги натерале познатите личности да направат одредени тетоважи.

Криси Тајген

10 моќни приказни што се кријат зад тетоважите на познатите личности

Познатата манекенка и нејзиниот сопруг го загубија синот во септември 2020 година. Тој требаше да се вика Џек. По некое време, Криси го истетовира неговото име на нејзиниот зглоб.

Дуа Липа

10 моќни приказни што се кријат зад тетоважите на познатите личности

Тетоважата на која пишува „Sunny Hill“ беше првата и многу посебна тетоважа што ја направи Дуа Липа. Тоа е името на соседството во Косово каде што пораснале нејзините родители. Тоа е местото каде што таа се чувствува како дома.

Сем Смит

10 моќни приказни што се кријат зад тетоважите на познатите личности

Сем ги истетовира симболите за женски и машки пол. Тие долго време се бореа со родовиот идентитет, а во 2019 година, излезе како небинарен.

Ед Ширан

10 моќни приказни што се кријат зад тетоважите на познатите личности

Овој пејач многу ја почитува својата мајка. Тој има тетоважа на мајка и дете заснована врз слика на Анри Матис. Како што вели Ед, овој цртеж бил првото нешто што ѝ го купил на својата мајка со својата прва плата.

Жизел Бундхен

10 моќни приказни што се кријат зад тетоважите на познатите личности

Овој супермодел има ѕвезда во чест на својата покојна баба. Идејата се појавила откако Жизел се преселила во Њујорк, каде што не можела да види ѕвезди. Таа самата ја нацртала ѕвездата на зглобот, а подоцна ја претворила во трајна тетоважа.

Лејди Гага

10 моќни приказни што се кријат зад тетоважите на познатите личности

Нацртот на оваа тетоважа е дизајниран од Тони Бенет. Лејди Гага го добила во знак на сеќавање на соработката за нивниот албум и на пријателството. Таа го истетовирала и неговиот потпис под трубата.

Кеша

10 моќни приказни што се кријат зад тетоважите на познатите личности

Кеша ја направила оваа тетоважа откако го објавила својот нов албум „Rainbow“. Пред тоа, таа поминала низ тешки периоди, била на рехабилитација и имала долга парница со нејзиниот продуцент д-р Лук. Таа вели дека ова е позитивна порака за себе.

Мајли Сајрус

10 моќни приказни што се кријат зад тетоважите на познатите личности

„Just Breathe“ е направено во чест на покојните дедовци на пејачката кои имале рак на белите дробови и на нејзиниот близок пријател со цистична фиброза. Сите тие не можеле да дишат. Оваа тетоважа ја потсетува Мајли да не зема ништо здраво за готово.

Луси Хејл

10 моќни приказни што се кријат зад тетоважите на познатите личности

Актерката направила иста тетоважа со својата сестра. На неа пишува „I love you“ и ја симболизира нивната поврзаност. Тоа е напишано во чест на нивните баби со кои биле многу блиски и многу ги сакале.

Парис Џексон

10 моќни приказни што се кријат зад тетоважите на познатите личности

Ќерката на кралот на попот има 3 тетоважи посветени на својот татко. „BAD“ ги пресоздава насловот и стилот на неговиот албум. Таа исто така ги има истетовирано неговото лице и зборовите „Apple Head“, прекарот што го користела за својот татко.

Погледнете ги најдобрите тетоважи инспирирани од коронавирусот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар