Црна и бела пустина: Два спротивставени соседи во Египет кои можете да ги посетите во еден ден
Националниот парк е познат по својот бел песок и необичните карпести формации што многумина ги споредуваат со печурки или корнет за сладолед, па дури и со извори кои формираат оази среде ништо.
Фарафра е сместена во срцето на Египет и е дел од големата Западна Пустина, западно од Нил. Иако станува збор за пустина, таа не е толку пуста затоа што има 5 000 жители сместени во куќи од кал. Покрај нив, тука живеат и егзотични видови животни, како што се шакали, газели, пустински лисици и мачки.
Најинтересниот дел од Фарафра е т.н. Бела Пустина (Сахара ал Бајда) – национален парк познат по белиот песок и невообичаени карпести формации.
Друг интересен факт е дека Белата Пустина се наоѓа веднаш до Црната Пустина, која, пак, се карактеризира со црни ридови во форма на мали вулкани. Тие се високи и до 100 метри и претежно се во темни пригушени бои кои варираат од темноцрвена до црна. Откако таму бил откриен скелет на диносаурус, таа била прогласен за природен резерват во 2010 година.
Се разбира, ќе ви биде тешко да стигнете дотаму без помош на локален водич и добро теренско возило. Најдобра опција е да им ја препуштите организацијата на бедуините, бидејќи тие знаат каде можете да видите дополнителни содржини, како што се т.н. Кристални планини, долината Агабат каде што се мешаат златни и бели нијанси и да организираат кампување со традиционално домашно јадење.
Бидете подготвени за високи температури кои можат да достигнат дури до 47 °С во лето. Сепак, ова е идеална дестинација за оние кои сакаат бела зима, но во потопла варијанта. Во декември, просечната температура е 20 °С.
Погледнете го овој прекрасен парк во кој се наоѓа најголемото дрво во светот.