Ако сте вистински љубители на мачки, сигурно сте виделе многу уникатни производи наменети за вашето домашно милениче, но, оваа четка е нешто сосема поинакво! Четката за лижење е наменета за да ги зближи човекот и мачката, затоа што мачките го користат лижењето како метод на поврзување. На овој начин ќе развиете поблиска врска со нив, слично како што тие се поврзуваат со нивните мали мачиња. Држете го едниот крај од четката во устата и почнете да ја лижете вашата мачка. Можеби на почетокот ќе ви изгледа малку чудно, но потоа ќе се привикнете и ќе ви стане омилена активност.rnrn
rnrnЗасега четката е достапна во претпродажба, а извозот на овој одличен производ ќе започне во јануари 2017. Па, останува да причекаме уште малку! Погледнете го следново видео за да откриете за што точно станува збор.rnrn
Зближете се со вашата мачка со помош на оваа неверојатна четка!
