Трендови во уредувањето на домот во 2021 година
Претходната година ја поминавме дома и се обидовме да го направиме домот поудобен и поубав. Уредувањето на ентериерот беше далеку поголем приоритет од планирањето патувања, па затоа луѓето повеќе планираа како да ја уредат работната соба или минибар аголот во дневната соба. Во продолжение погледнете кои се трендовите за уредување на домот во 2021 година.
Ткаенини и килими
Ткаенините во сите дезени и форми, претежно од волна и овча кожа, ќе направат да се чувствувате посебно, а покрај вистинските парчиња, може да се користат и поевтини варијанти, како што се вештачко крзно или некој друг избор на ткаенина.
Пригушени бои
Во сите простории во домот, особено во дневната соба, најдобро ќе одговараат меките и топли верзии на пригушени бои.
Сопствени ремек-дела
Талентот не е важен, потребни се само добра волја, малку фантазија и платно. Насликајте го тоа што ви паѓа на памет и закачете го тоа платно на ѕидот и уживајте во сопственото „ремек-дело“.
Тркалезни форми
Заоблени маси, закривени софи и теписи во сите форми, освен во обичните, се апсолутен хит во 2021 година.
Винтиџ со акцент на седумдесеттите години
Старите парчиња мебел се исто така хит оваа година. Некои работи едноставно имаат душа и му даваат топлина и нов изглед на вашиот дом.
Кујна во боја
Иако сивата досега беше една од најпопуларните бои за кујната и кујнските елементи, оваа година на тронот доаѓаат индиго сината и зелената боја. Зелените и сините нијанси во кујната ќе ѝ дадат дополнителен гламур и ќе направат да се чувствувате попријатно додека сте во неа.
Тапети
По долго време, некогашниот хит е повторно во мода, особено ако имате ограничен буџет, а сакате да го освежите просторот.
Погледнете кои се најголемите грешки во уредувањето на ентериерот што го прават домот визуелно помал.