Рецепт за бела бајадера
Вкусен десерт на кој никој не може да му одолее.
Потребни состојки:
- 200 мл вода
- 300 гр шеќер
- 250 гр маргарин или путер
- 300 гр мелени бисквити
- 100 гр кокос
Начин на подготовка:
Измешајте ги водата и шеќерот, па ставете го на оган. Кога водата ќе почне да врие, додајте го исечканиот маргарин и мешајте додека не се растопи.
Кога маргаринот ќе се стопи, тргнете го од огнот, а потоа додајте ги кокосот и бисквитите и мешајте додека не се соедини смесата.
Во мал калап, 20 х 15 см, ставете фолија и турете ја смесата над фолијата и израмнете ја, па оставете ја во фрижидер преку ноќ за да се стегне.
Кога тортата ќе се олади и ќе се стегне, извадете ја заедно со фолијата, исечете ја на парчиња и посипете ја со кокос.
Погледнете го овој рецепт за топло чоколадо со само 50 калории.