Најголемите грешки во уредувањето на ентериерот што го прават домот визуелно помал
Рефлектирачките својства на огледалата можат да создадат впечаток дека просторот е поголем, но само ако се поставени на вистинското место во домот. Исто така, не е сеедно каде ги чувате сликите, играчките итн. Водени од убавината на некои предмети во домот, луѓето забораваат да обрнат внимание на тоа како тие визуелно влијаат на просторот. Деталите можат визуелно да ја намалат просторијата и секогаш треба да ги имате ум овие 13 работи при уредување на вашиот ентериер:
1. Тапети со премногу големи форми
Големите дезени на ѕидовите привлекуваат внимание и го прават просторот помал. Изберете посветли тапети со мали дезени за собата да изгледа поголема.
2. Отворени полици за книги
Ова му дава впечаток на пренатрупаност на просторот, со што се создава впечаток на помалку простор отколку што има навистина. Изберете парчиња мебел што имаат врати за да ги скриете нередот и пренатрупаноста. Секогаш можете да ја отворите вратата и да ја земете посакуваната книга. Просторот ќе изгледа многу подобро ако книгите се наоѓаат зад врата што одговара на бојата на остатокот од собата.
3. Софа во форма на буквата Г
Иако ваквите софи се многу практични, тие се посоодветни за поголеми простори. Во мали простории, тие го ограничуваат протокот, така што просторот изгледа помал и е недоволно функционален.
4. Поставување украсни предмети на ниво на очите
Вака се создава илузија дека просторот е помал, без разлика колку е висок таванот. Закачете ги полиците, украсите и сличните работи на повисоко. Ова го привлекува погледот кон таванот и со тоа визуелно се зголемува просторот.
5. Неправилно поставени огледала
Рефлектирачките својства на огледалата можат да создадат впечаток дека просторот е поголем, но само ако се поставени на вистинското место во домот. Најдобро е да го поставите огледалото пред прозорецот. Ова ќе внесе повеќе светлина во просторот и ќе го направи визуелно поголем.
6. Мебел на влезот во собата
Тоа може да биде стол до вратата или некое друго парче мебел. Ова дава чувство на пренатрупаност на просторот во кој се влегува. Експертите советуваат да се групира масивниот мебел долж еден ѕид – ова прави да има повеќе слободен простор и просторијата да изгледа поголема.
7. Столови и каучи без видливи ногарки
И тоа е еден детал на кој многумина не обрнуваат внимание. Таквите парчиња мебел изгледаат погломазни бидејќи нивните ногарки не се видливи и го прават просторот потесен.
8. Мебел со висок наслон
Столиците, креветот или софата со висок наслон изгледаат гломазно и визуелно го намалуваат просторот. Ако собата е помала, не задушувајте ја со таков мебел. На пример, ако имате мала спална соба, изберете кревет со многу низок наслон.
9. Дебели, тешки завеси
Дебелите завеси од сатен или кадифе го прават таванот понизок отколку што навистина е. Тие всушност оставаат впечаток како да има уште еден ѕид во просторот. Покрај тоа, тие ја ограничуваат светлината што доаѓа низ прозорците. Лесните проѕирни завеси се подобар избор.
10. Темни или разнобојни покривки на каучот
Познато е дека темните бои визуелно го намалуваат просторот, а истото важи и за покривките за софата во домот. Оние со шарен дезен имаат сличен ефект. Ако сакате визуелно да ја зголемите дневната соба, одберете покривки во светла боја.
11. Мал тепих во близина на софата или креветот
Малиот тепих го прави просторот визуелно помал, па затоа бидете внимателни каква големина ќе изберете, во зависност од големината на просторот за кој е наменет. Пред да го купите, обидете се да замислите како ќе изгледа кога ќе го ставите. Понекогаш е подобро да не ставате тепих отколку да ставите тепих со мали димензии. На тепихот треба да стојат цели парчиња мебел или барем нивните предни ногарки. Исто така, изберете теписи во посветла боја.
12. Големи играчки
Големите плишени играчи се слатки за гледање, но тие дополнително ќе го намалат веќе малиот простор. Покрај тоа што навистина зафаќаат одреден простор, тие привлекуваат премногу внимание кон себе и така изгледа дека просторијата е преполна. Ако живеете во мал стан со деца, научете ги да ги чуваат играчките во корпи или во убави кутии, наместо да ги оставаат низ целата куќа.
13. Вентилатор на таванот
Вентилаторите на таванот ужасно го нарушуваат просторот и создаваат сенки без разлика каде се наоѓаат. Ако навистина сакате да имате вентилатор на таванот, изберете вентилатор во бела боја.
Погледнете кои две бои ќе ја одбележат 2021 година.