КАФЕ ПАУЗА

13 навики што доведуваат до појава на првут

13 навики што доведуваат до појава на првут

Понекогаш кога се обидувате да се ослободите од првутот, можеби правите нешто што само ја влошува ситуацијата. На пример, може да ја миете косата премногу често или премногу ретко. Погледнете го овој список со многу вообичаени работи, кои всушност се „соучесници“ на оваа состојба на косата.rn

1. Ја миете косата премногу ретко или премногу често

rn13 навики што доведуваат до појава на првутrnrnКога ретко ја миете косата, серумот се таложи на вашиот скалп, а заедно со потта создава совршена околина за појава на лушпи. Од друга страна, шампонот не треба да се користи ниту секој ден. Ќе ги отстраните сите есенцијални масла од вашиот скалп што ѝ требаат на косата за да се храни и да биде цврста и ќе ја исушите. Експертите препорачуваат миење на косата на секои 2-3 дена за да се избегнат сите овие проблеми.rn

2. Не користите регенератор

rn13 навики што доведуваат до појава на првутrnrnКога ја миете косата, покрај нечистотијата и другите остатоци, го отстранувате и нејзиниот природен себум. Тој себум треба да се надополни, а тоа го прави регенераторот. Тој ѝ додава витамини и хранливи материи на вашата коса, ги зголемува сјајот и волуменот, а исто така спречуваат прекумерна сувост.rn

3. Чувствителни сте на природните габи на вашата коса

rn13 навики што доведуваат до појава на првутrnrnПрвутот е предизвикан од прекумерен раст на габата наречена Маласезија, што исто така предизвикува проблеми со акните. Сите ја имаме на нашата кожа, но некои луѓе имаат тенденција да имаат помрсен скалп затоа што оваа габа се храни со масла од кожата. Така се појавува и првутот.rn

4. Не ја плакнете косата правилно

rn13 навики што доведуваат до појава на првутrnrnПо плакнењето, може да оставите остатоци на вашиот скалп што може да бидат совршена средина за појава на првут поради оваа вообичаена габа што сите ја имаме на нашата кожа. Кога има премногу нечистотија и секреција на масло на скалпот, Маласезијата може да се размножува и да предизвика првут, па дури и себореичен дерматитис.rn

5. Не ја чешлате косата правилно

rn13 навики што доведуваат до појава на првутrnrnЧешлањето на косата ја подобрува циркулацијата и ги отстранува мртвите клетки од кожата. Исто така, со чешлањето ќе се ослободите од нечистотијата на вашиот скалп, така што треба да го правите тоа секој ден за да ги намалите причините за првут. Чешлајте ја косата редовно, двапати на ден, но не претерувајте. Премногу честото чешлање може да доведе до опаѓање на косата. Обидете се да избегнувате груби четки што може да го оштетат вашиот скалп.rn

6. Не користите шампон против првут

rn13 навики што доведуваат до појава на првутrnrnОбичните шампони може да доведат до иритација на скалпот и појава на првут поради детергентите што ги содржат. Можеби ќе ви треба малку време за да го пронајдете соодветниот шампон, но ако наизменично користите неколку видови шампони, може да ви помогнат да се ослободите од првутот. Може да користите и шампон специјално направен за првут, постојат различни варијанти според лековите што ги содржат.rn

7. Премногу често ја стилизирате косата

rn13 навики што доведуваат до појава на првутrnrnАко восокот, гелот или лакот за коса не се отстранат правилно од вашата коса, тие со текот на времето се наталожат, правејќи ја косата мрсна и валкана. Со текот на времето, вашиот скалп може да стане иритиран, сув и да ве чеша. Освен тоа, топлината и хемикалиите од овие производи ја прават вашата коса слаба и кршлива. Може да развиете и чувствителност на одредени производи за нега на кожата, па затоа бидете внимателни со тоа што ќе го одберете.rn

8. Под стрес сте

rn13 навики што доведуваат до појава на првутrnrnКога сте под стрес, страда вашиот имунолошки систем и тоа може да ги поттикне производството на масло и растот габите. Ако забележите дека имате првут во одреден временски период, запишете кои настани се случиле за тоа време и како тие влијаеле на здравјето на вашата коса. Пешачете за да ги исчистите мислите, вежбајте јога или направете си долга и топла бања. Тоа ќе ви помогне да се опуштите.rn

9. Јадете премногу шеќер

rn13 навики што доведуваат до појава на првутrnrnШеќерот може да влијае на здравјето на вашата коса создавајќи нерамнотежа на хормоните во вашето тело. Тоа го зголемува нивото на шеќер во крвта, така што вашите жлезди почнуваат да произведуваат повеќе масло. Ако вашата исхрана се состои од многу слатки, може да имате мрсна коса.rn

10. Не се храните правилно

rn13 навики што доведуваат до појава на првутrnrnСе покажа дека млечните производи и заситените масти ги зголемуваат воспалението и производството на себум. За да го контролирате ова, обидете се да јадете храна богата со цинк и витамини од групата Б. Бананите имаат многу од овие хранливи материи, но не заборавајте да јадете морска храна, ореви, авокадо или црвено месо бидејќи тие се одлични извори на цинк.rn

11. Не го навлажнувате вашиот скалп доволно

rn13 навики што доведуваат до појава на првутrnrnВашиот скалп е ист како кожата на вашето тело, па затоа треба да се третира како таков. Сувиот скалп може да се лупи и да ве чеша, па затоа нанесете навлажнувач секогаш кога имате можност. Не мора да купувате специјални производи за ова, туку земете неколку јајца и ставете ги жолчките во еден сад. Можете да додадете јогурт, лимон и мед, а целата смеса да ја ставите на сувата коса. Покријте ја косата со капа за туширање, а потоа исплакнете ја со шампон. Жолчките ги содржат сите протеини и витамини што ѝ се потребни на вашата коса. Лимонот има антимикробни својства, а јогуртот е природен навлажнувач.rn

12. Не го масирате скалпот

rn13 навики што доведуваат до појава на првутrnrnБез разлика дали користите маска со жолчки или јогурт, не заборавајте да го масирате скалпот нежно и да не триете премногу силно бидејќи кожата е многу чувствителна. Можете да го масирате скалпот дури и на сува коса бидејќи тоа го смирува скалпот. Ако ве чеша, немојте да го гребете. На тој начин само ќе го иритирате.rn

13. Не користите заштитен фактор

rn13 навики што доведуваат до појава на првутrnrnПокрај навлажнувањето и масажата, мора да ги заштитите косата и скалпот од сончевата светлина, особено ако имате кратка коса. Вашата кожа може да изгори и да почне да се лупи, предизвикувајќи појава на првут. Можете да нанесете крем за сончање директно на скалпот ако косата е кратка. За средна и долга коса, можете да најдете специјални кремови за стилизирање што ќе ги заштитат вашите прамени од оштетувањето на УВ-зраците.rnrnПрочитајте како да го отстраните првутот без употреба на хемикалии.