Сечуанскот пипер е важен зачин на кинеската и индиската кујна и се користи за зачинување солени и слатки јадења. Освен што е малку лут, нема некоја друга поврзаност со класичниот пипер.rnrn
rnrnСе добива од два вида растенија од родот Зантоксилум, поради што има лесна цитрусна нота што може да се комбинира со печурки и мешунки, но и со егзотични десерти.rnrnВо народната кинеска медицина, овој зачин со векови се користи како уништувач на лоши бактерии, па затоа бил особено популарен кај посиромашното население, кое понекогаш не можело да ги избира потеклото и свежината на храната.rnrnПокрај тоа, лутите зачини се познати и како средства за чистење на цревата, кои чистат од несакани паразити. Најновите истражувања покажаа дека овој зачин е одличен за слабеење и за борба против целулитот.rn
Како да го користите?
rnЗа зачинување на храната се користат само лушпите, а сјајните црни зрна се фрлаат затоа што имаат горчлив вкус и текстура налик на песок што може да го уништи вкусот на храната.rnrnЗачинот обично се додава на крајот на готвењето, а особено добро се комбинира со анасон и ѓумбир при подготовка на некои азиски десерти. Во комбинација со чили во прав, се добива моќна комбинација за зачинување на егзотични јадења.rnrnНекои тврдат дека сечуанскиот пипер во устата предизвикува сензации слични на газирани пијалаци. По консумирањето, може да се забележат горење, пецкање и лесно „зуење“. Бидете претпазливи во дозирањето затоа што овој пипер има алкална pH-вредност, така што ако претерате со овој зачин, може да почувствувате пецкање и вкочанетост на усните.rnrnПрочитајте кои намирници треба да ги јадете ако вчера сте јаделе нездрава и калорична храна.