Претходно
Едноставни сочни колачиња со вкус на бадем
Амарети се италијански класичен десерт кој ја должи својата сладост на бадемите, како и ликерот Амарето ди Сароно, кој потекнува од Ломбардија. Ако го немате познатиот ликер дома, заменете го со екстракт од бадем.
Потребни состојки:
- 250 г бадемово брашно
- 200 г шеќер
- кора од еден лимон
- 3 белки
- 1 лажичка екстракт од бадем или ако го имате ликерот
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 160 степени Целзиусови. Поставете плех со хартија за печење.
- Во голем сад измешајте ги добро брашното од бадем и шеќерот. Додадете ја ренданата кора од лимон и промешајте уште неколку минути, а потоа оставете ја на страна.
- Разбијте ги белките на шлаг и непосредно пред да стане цврст, промешајте го екстрактот од бадем. Нежно измешајте ги сувите и влажните состојки. На хартија ставете лажица од тестото во форма на топчиња. Печете ги колачињата околу 25 минути или додека не се зарумени убаво дното.
Moжеби ќе сакате да го пробате и овој најлесен рецепт за сочен зимски колач што го полуде светот.