Оваа година беше многу непредвидлива, но, за среќа, во новата година може да очекуваме цела нова група среќни денови затоа што некои астролошки настани ќе доведат до особено поволни моменти. Прочитајте кој ќе биде најсреќниот ден во 2021 година за вас и обележете го во вашиот календар.rnrn
rn
Овен: 26 март
rnВенера, планетата на љубовта, ви носи магија, романса и возбуда поради нов и пријатен почеток. Ќе ви се исполнат некои од најпосакуваните желби. Во 2021 година ве очекува целосно ново романтично патување. Очекувајте да почувствувате пеперутки во стомакот.rn
Бик: 17 јануари
rnУран, планетата на промените, ќе патува низ вашиот знак цела 2021 година, продолжувајќи со темата на будење и инспирација во вашиот живот. Во јануари може да започне нешто ново и возбудливо во вашиот професионален живот. Вашата кариера може неочекувано да тргне во подобра насока на 17 јануари. Додека овие ненадејни промени може да бидат поразителни за некои, вие сте трпеливи и знаете како да ги искористите сите можности. Во текот на таа седмица, значително ќе бидат зголомени вашите амбиции и вашата мотивација.rn
Близнаци: 31 мај
rnНа 31 мај, во средината на сезоната на Близнаците, ве очекува многу среќа и магија. Бидете подготвени да ги прифатите сите астролошки предности и да преземете чекори кон вашата судбина бидејќи среќата ќе биде на ваша страна тој ден.rn
Рак: 23 јуни
rnНепосредно по почетокот на сезоната на Ракот, астролошките настани ви носат оптимизам, дарежливост и среќа. Нептун и Венера (која е во вашиот знак на овој датум осветлувајќи го вашиот хороскопски знак со романса) ќе ви помогнат да ги активирате вашите најпријатни фантазии.rn
Лав: 13 јули
rnПодгответе се да почувствувате кулминација на магијата кога станува збор за романтиката и за креативноста. На овој ден започнува нов циклус во односите, што може да донесе многу свежа енергија во вашиот љубовен живот и повторно да ја заживее вашата креативност кога станува збор за страста. Вашиот љубовен живот ќе биде многу возбудлив, а задоволството и романтиката ќе ве чекаат на секој агол. Искористете го овој креативен поттик додека започнувате нов циклус.rn
Девица: 12 јули
rnАстрологијата ви носи нови можности во љубовта – ќе ви помогне да ги решите сите проблеми во врската и да го продлабочите вашиот романтичен однос. На 12 јули, вашата владејачка планета Меркур ќе формира хармоничен аспект со Јупитер во Риби, внесувајќи јасност, отвореност и длабочина во вашата комуникација во рамките на партнерствата.rn
Вага: 6 септември
rnВашата владејачка планета Венера ги изнесува на виделина вашиот вкус за уметност и раскош, како и вашите романтични чувства, па кога ќе формира магичен аспект со Јупитер на 6 септември, тие чувства ќе претераат. Двете поволни планети ќе се усогласат во ваша корист на тој ден, ќе го зголемат вашето задоволство и ќе ви донесат романтична љубовна приказна од епски размери.rn
Скорпија: 17 ноември
rnНа овој ден ќе се чувствувате како да можете целосно да ја искористите вашата моќ и ќе успеете да ја поврзете вашата сенка со вашето надворешно јас. Тоа ќе ви овозможи да ја претворите вашата болка во голема инспирација што може да ве трансформира. Марс и Венера ви носат дополнителна доза страст и задоволство тој ден, правејќи го совршен за остварување на вашите лични цели.rn
Стрелец: 21 мај
rnЗа време на пролетта, вашата владејачка планета Јупитер ќе го осветли вашиот емотивен живот и ќе ви донесе утеха и среќа. Астролошките настани ќе ја поттикнат енергијата во вашиот љубовен живот, а Сонцето, Венера и Меркур ќе се соберат заедно во вашата куќа на партнерствата. Ако сакате да направите некаков потег во вашиот љубовен живот, 21 мај е денот кога можете да изградите нешто што ќе трае долго.rn
Јарец: 23 август
rnНа овој ден ве очекува успех во сè што ќе допрете. На работното место ќе се чувствувате длабоко поврзани со вашите професионални потфати и ќе извлечете голема вредност од вашите придонеси. Тоа ќе ја зацврсти вашата позиција, ќе ја подобри вашата креативност и ќе ви помогне да создадете кариерна патека што ќе трае подолго.rn
Водолија: 11 февруари
rnОва е исклучително моќен ден полн со можности за вас. Време е да се ослободите од старата кожа и да се трансформирате целосно. Венера и Јупитер ви носат среќа, романса, задоволство, изобилство и раскош. Во текот на овој ден ќе наидувате на среќни можности на секој агол.rn
Риби: 21 јуни
rnОвој ден е ден за флерт, забава, креативни потфати и проширување на вашите хоризонти. Ниту една фантазија не ви е далеку од дофатот, па дозволете им на вашите чувства да излезат на површина и да го постигнат тоа што мислите дека е невозможно.rnrnПрочитајте каков нематеријален подарок посакува да добие секој хороскопски знак од Дедо Мраз оваа година.