Во идеална ситуација, секој би сакал да има доволно квадрати и ресурси за да го организира просторот за живеење во согласност со своите желби. Но, во реалниот живот, многумина треба да се адаптираат на малиот број квадрати и на ограничениот буџет. За среќа, постојат многу начини да се уреди малиот простор, така што ќе биде извор на задоволство. Во продолжение прочитајте како ќе се справи секој хороскопски знак во таква ситуација.rnrn
rn
Овен
rnПрипадниците на овој хороскопски знак сакаат сè да биде достапно и многу добро уредено. Овните не сакаат многу детали, а за просторот да изгледа поголем, тие користат поинтензивни и посветли бои при уредувањето на ентериерот.rn
Бик
rnИако сакаат да инвестираат во убави работи, Биковите многу добро знаат дека просторот може лесно да се преполни ако немаат доволно квадрати. Затоа, полиците им се најдобри пријатели. Тие знаат од каде да набават полици во сите големини и стилови и не се плашат да ги постават на необични места. На тој начин ќе имаат повеќе простор, а благодарение на нивниот талент, целата приказна ќе изгледа елегантно.rn
Близнаци
rnНивните интереси се разновидни и ги има многу. Иако Близнаците едноставно не можат да се приспособат на ситуацијата кога го немаат посакуваниот број квадрати, тие сепак ќе најдат начин. Припадниците на овој хороскопски знак ќе инвестираат пари во едно големо парче мебел што ќе биде впечатлива точка во собата. Покрај тоа што мебелот ќе го привлече целото внимание кон себе, благодарение на него, просторот ќе изгледа поголем отколку што е. Освен тоа, ова парче мебел ќе биде апстрактно, така што ќе биде тема на разговор со гостите и недостатокот на простор ќе падне во втор план.rn
Рак
rnРаковите сакаат да изложуваат работи што им се важни, па просторот на ѕидот им е најдобар пријател. Тие ги ставаат драгите спомени на мали полици, закачуваат фотографии од своите најблиски на ѕидовите итн. Таму наоѓаат место и за работи што често ги користат. Нивните ѕидови ги претставуваат нив и сè што им е важно.rn
Лав
rnИако е важно да имате огледало за да бидете сигурни дека изгледате одлично, тоа може да направи многу повеќе во просторот. Огледалата помагаат да се создаде впечаток дека просторот е поголем отколку што е навистина. Поради тоа, Лавовите експериментираат и поставуваат повеќе огледала низ станот за да му дадат длабочина на просторот, но и да го наполнат со светлина.rn
Девица
rnИако се опседнати со складирање, Девиците се паметни, па знаат дека купувањето многу предмети не е паметен потег кога станува збор за мал простор. Затоа тие инвестираат во склад што лесно се крие. Лавовите ги складираат таму сите работи што не мора секогаш да им бидат при рака. Најважно е да знаат каде е сè во секое време и да водат сметка сè да има свое место.rn
Вага
rnВагите сакаат дом кој е убав, уреден и полн со живот. Поради тоа, тие сакаат да имаат растенија кои се одличен додаток кога сакате да внесете живот и свежа енергија во просторот без да мора да реновирате. Вагите наоѓаат простор за растенија дури и во мал простор. Растенијата не мора да зафаќаат простор на подот или на други површини, тие изгледаат убаво и кога се обесени.rn
Скорпија
rnИако можеби не звучи логично, Скорпијата знае како да го направи просторот да изгледа поголем со поставување прегради. Тоа го прави затоа што ја сака својата приватност, а во малите станови понекогаш е тешко да се одреди каде завршува еден простор, а каде започнува друг. Скорпиите користат прегради, проѕирни завеси и поголеми парчиња мебел за да ја поделат просторијата и да ја направат поголема.rn
Стрелец
rnМногу е лесно работите да почнат да се натрупуваат и да го направат вашиот мал простор за живеење уште помал. Сепак, тоа нема да се случи со Стрелецот. Тој ќе ослободи простор колку што е можно повеќе со донирање на облеката, обувките и ситниците што не му се потребни.rn
Јарец
rnЈарците сакаат да ги прават работите на најефикасен можен начин, а тој концепт го применуваат и во својот дом. Иако малиот простор може да биде заморен, Јарците не оставаат ништо на случајноста и инвестираат во мебел што има двојна примена. Тие дури можат да најдат маса што ќе се претвори во гарнитура.rn
Водолија
rnЛуѓето родени во овој хороскопски знак ќе имаат поинаков пристап од повеќето хороскопски знаци со цел да го искористат максимумот од секој квадрат. Тие ќе се потрудат да изработат мебел затоа што сакаат да ги создаваат работи со свои раце, наместо да ги следат најновите трендови.rnrnВодолијата сака нејзиниот дом целосно да ја рефлектира нејзината личност, па затоа ќе се обиде да направи свои верзии наместо да купува маса или полици.rn
Риби
rnРибите сонуваат и сакаат да живеат во простор каде што ќе можат да се релаксираат и да мечтаат. Кога немаат доволно простор, тие се фокусираат на прозорците под кои секогаш се обидуваат да создадат простор за седење.rnrnВо домовите, просторот под прозорците е честопати неискористен, но тоа нема да се случи кај Рибите. На тој дел ќе стават барем клупа каде што ќе се дружат со пријателите или со своите мисли.rnrnПрочитајте која боја ви ја препорачува астрологијата според хороскопскиот знак.