Некои намирници согоруваат мрснотии додека ги јадете, додека други можат да го контролираат апетитот, да го забрзаат метаболизмот или да ја намалат желбата за солено и благо.
Ова значи дека вашата исхрана треба да вклучува здрава храна што ќе ви помогне да ја намалите тежината. Овие 25 производи ќе направат чуда со вашите масти и ќе ги согорат многу брзо:
1. Замрзнати бобинки – наместо слатки, јадете брусница, малини, јагоди и боровинки најмалку еднаш дневно.
2. Агруми – агрумите се хранливи и имаат малку калории. Јадете лимон, портокал, грејпфрут итн.
3. Авокадо – храна богата со здрави масти. Половина авокадо на ден ќе ве спречи да се прејадете.
4. Овесна каша – јадете овесна каша за појадок со јаткасти плодови.
5. Сладок компир – јадете го како гарнир со главното јадење. Ова ќе го намали внесот на калории.
6. Цимет – циметот во прав го забрзува метаболизмот за 20%. Додајте го во слатка овесна каша или кога јадете друг сладок појадок.
7. Јајца – сварете 2 јајца наутро и хранете се здраво.
8. Сенф – научно е докажано дека сенфот согорува калории за 20%.
9. Протеински прав – за да имате силни мускули, пијте го овој прав по вежбањето.
10. Ѓумбир – го намалува холестеролот и го зајакнува метаболизмот.
11. Црвено месо – одличен извор на есенцијални масни киселини, витамин Б12, фолати и железо. Ако сакате да ја намалите тежината, задолжително јадете свинско, јагнешко, говедско месо, сланина итн.
12. Кајен пиперка – го намалува апетитот.
13. Пуканки – подгответе пуканки без сол и масло и уживајте во здравата ужинка.
14. Сирења – јадете урда со семки и со бобинки, но и со мед.
15. Пилешко – богато е со масни протеини, затоа јадете го за ручек со зеленчук.
16. Риба – јадете лосос, сардини, скуша или туна.
17. Домат – одличен е за срцето и за слабеење.
18. Грав и леќа – ги согоруваат вишокот мрснотии. Јадете ги со зеленчук.
19. Лубеница – многу е корисна за слабеење.
20. Житарки од цело зрно – ако сакате да ја намалите тежината, исфрлете го белиот леб и белиот ориз од вашата исхрана. Јадете цели зрна.
21. Вода – водата го стимулира варењето на храната и го забрзува метаболизмот.
22. Ореви – 20 грама ореви на ден се сосема доволни за здравјето и за слабеење.
23. Млеко – чист витамин Д и калциум што им се потребни на жените.
24. Зеленчук – брокула, спанаќ, кромид, морков, краставици…
25. Јаболка – влакната се потребни за варење на храната, а јаболката се полни со растителни влакна.
Прочитајте кои намирници може да ви помогнат во борбата против целулитот.

