Секоја личност сака да биде почитувана и ценета од семејството, од пријателите и од колегите. Но, понекогаш, сами ги уништувате сите напори што сте ги вложиле за да ја изградите вашата репутација преку невнимателно кажани зборови или преку начин на однесување што изгледа безопасно. Меѓутоа, луѓето околу вас ги толкуваат тие сигнали на свој начин. Во продолжение прочитајте во кои ситуации се девалвирате, дури и без да забележите.rn
1. Емоционална уцена
rn
rnrnОвие прашања се сметаат за емоционална уцена и ги тераат луѓето да го потврдат она што веќе го кажале. Обично ги нервира луѓето, иако вие не го забележувате тоа. Обидете се да внимавате што зборувате и да го замените „Сериозно?“ со нешто посоодветно.rn
2. Лицемерие
rn
rnrnАко му кажете „не“ на некого, направете го тоа внимателно, но бидете јасни. Ако почнете да ја фалите личноста и ако ѝ кажете колку е добра, тоа само ќе ја влоши ситуацијата.rn
3. Се обидувате да се ослободите од целата одговорност
rn
rnrnОвде станува збор за луѓето кои „никогаш не се виновни“. Тие се обидуваат да избегаат од какви било сомнежи пред да бидат обвинети за што било. Покрај тоа, ова однесување значи дека лицето е навистина несигурно. Не можат да ви веруваат и не ве почитуваат затоа што не сте во можност да преземете одговорност.rn
4. Постојано глумите дека сте навредени
rn
rnrnЛицето кое секогаш се однесува навредено или љубоморно без причина веќе не се смета за рамноправно со другите, туку се третира како дете кое не може да ги контролира сопствените емоции. Исто така, покажува несигурност, што воопшто не е добро.rn
5. Зборување за туѓите проблеми и игнорирање на своите
rn
rnrnПостојат луѓе кои не сакаат да зборуваат за своите проблеми и тоа е нивно право. Но, ако сакате да зборувате за вашите проблеми, тоа е во ред. Не плашете се да им кажувате за вашите проблеми на луѓето кои се обидуваат да ги растоварат своите проблеми врз вас затоа што ќе се уморите од тоа, а луѓето ќе се навикнат да бидете слушател.rn
6. Користење на зборот „обично“ како изговор
rn
rnrnОвој збор се користи за да се обидете да ги направите вашите грешки да не изгледаат толку сериозни. Но, овие изговори изгледаат патетично и само ги иритираат луѓето. Подобро е да се извините за вашите грешки без многу изговори.rn
7. Непочитување на сопствените желби
rn
rnrnАко некој постојано ги игнорира сопствените желби и потреби поради несигурност или поради туѓите проблеми, другите луѓе исто така ќе започнат да ги игнорираат неговите желби. Направете го она што сакате да го направите ако тоа не претставува проблем за другите луѓе.rn
8. Постојано сте незадоволни
rn
rnrnСите се изморени и иритирани одвреме-навреме, но има луѓе кои секогаш се во ваква состојба. Никој не сака да биде пријател со вакви луѓе. Негативноста не привлекува луѓе. Исто така, овие луѓе се несреќни „деца“ со кои е тешко да се комуницира.rn
9. Генерализирани обвинувања
rn
rnrnПонекогаш, среде расправија, може да кажете нешто глупаво. Но, треба да размислите многу внимателно за тоа што сакате да го кажете. Бидете конкретни и објаснете како се чувствувате. Генерализираните обвинувања звучат како да немате што да кажете, туку сакате само расправија.rn
10. Се потценувате кога зборувате за себе
rn
rnrnНавидум безопасните зборови што ги кажувате кога разговарате со вашите пријатели можат да ве девалвираат во очите на другите луѓе. Обидете се да не користите зборови како „прасе“, „дебел“, „глупав“ и сл.rn
11. Користите фрази од кои луѓето се навистина уморни
rn
rnrnЛуѓето со кои зборувате веројатно ги имаат слушнато овие зборови многупати, така што тие всушност не значат ништо. Иритирачки е да се слушне такво нешто и тоа значи дека веројатно не знаете што друго да кажете. Па, ако немате што друго да кажете, не кажувајте ништо. Тоа е подобро отколку да ги кажувате истите фрази само за да кажете нешто.rnrnПогледнете кои знаци покажуваат дека луѓето нема да ви дозволат да се однесувате лошо кон нив.