Ефективни и необични трикови што даваат одлични резултати: Како ја одржуваат својата убавина жените ширум планетата?

Сподели

Секој дел од светот има своја култура, свои обичаи, но и тајни на убавината што се пренесуваат од колено на колено. Сигурно постојат некои трикови или состојки во вашето семејство во коишто жените се колнат дека им го подобруваат изгледот, а ова се примери на разни тајни за убавина низ светот.

Реклама

rn

Оризот се користи за измазнување на брчките во Јапонија

rnОризот е богат со антиоксиданти, па Јапонките го користат за да ги намалат брчките и да го хидрираат лицето. Ако сакате да имате свиленкаста кожа, измешајте две лажици ориз (или оризово брашно) со една лажица шлаг. Нанесете ја маската на лицето и исплакнете ја по 20 минути. Ако имате сува кожа, ставете малку масло од јојоба на кожата пред да ја нанесете маската.rn

Реклама

Ајдучката трева ги лечи изгорениците од сонцето

rnАјдучката трева е честа состојка во кремовите за лузни, стрии, акни и проблематична кожа, а коренот на ајдучката трева има и антиинфламаторно дејство. Не заборавајте да понесете ваков крем со смирувачки ефект кога одите на одмор за да го користите против изгореници.rn

Сол и масло за мазни петици

rnГркинките се препознатливи по својот карактеристичен нос, но и по мазната кожа, што ѝ ја должат на медитеранската исхрана. Целото тело може да „скокне“ во мешавина од маслиново масло и шеќер, а за пилинг на петиците измешајте масло и јадра морска сол.rn

Јогуртот ги намалува порите

rnЛаси е традиционално индиско освежувачко јадење на база на разреден јогурт. По ручекот, жените ги чуваат остатоците и ги користат за да ги неутрализираат зголемените пори на лицето. По будењето, тие го прскаат лицето со јогурт и потоа темелно го плакнат со ладна вода.rn

Реклама

Грозје и брашно по забавата

rnЧилеанците се познати како љубители на виното, а црното грозје е добро и за кожата. Винова лоза и две лажици брашно е сè што ви треба за да ја спасите уморната кожа, особено по забавата или по непроспиената ноќ.rn

Лук и лак за цврсти нокти

rnЛукот е многу добар за ноктите, а оваа тајна ја откриле жените од Доминиканската Република. За да имате цврсти нокти, исечкајте го лукот колку што е можно поситно и со помош на чепкалка за заби ставете го во шишенце со лак за нокти и оставете го да стои 7-10 дена.

Прочитајте како да го искористите слободното време во корист на убавината и на здравјето.

Најново

Може ќе ве интересира