5 комбинации што можете да ги купите сега и да ги носите со години
Во последно време, жените сè повеќе избираат парчиња облека што ќе траат неколку сезони, што можат да ги носат одново и одново, а сепак никогаш да не изгледаат исто во нив. Овие парчиња облека лесно можат да се вклопат во вашата гардероба, моментално се во мода и ќе бидат во годините што доаѓаат.
Кожено здолниште
View this post on Instagram
Ако некое парче е клучно за сезоната есен / зима, тоа е дефинитивно коженото здолниште. Ова парче облека додава интересна нота на секоја облека.
Пепито
View this post on Instagram
Можеби потсетува на нешто што вашата мајка или баба би го носеле со задоволство, но пепитото е многу популарно оваа година. Не е важно дали е класично црно-бело или во боја, важно е да биде дел од стајлингот.
Комплет
View this post on Instagram
Костумите во пастелни тонови секогаш ќе бидат добар избор кога станува збор за дневни комбинации на облека.
Кроко
View this post on Instagram
Во случај да не сте забележале, комплетите се многу популарни оваа година, без разлика дали станува збор за тренерки, за костуми или за кожени комплети со крокодилски дезен.
Кадифе
View this post on Instagram
Материјалот што ја одбележа ерата на 70-тите се врати на модната сцена, а ако не сте љубител на кафеави тонови, одберете црна боја, која дава полуксузна нота.
Погледнете ги овие есенски комбинации што ќе сакате да ги копирате.