Зима во скандинавски стил: Како да уживате во кратките денови и ниските температури

Зима во скандинавски стил: Како да уживате во кратките денови и ниските температури

Најновиот извештај на Обединетите нации „World Happiness“ покажал дека најсреќните луѓе живеат на северот и токму од овие луѓе можеме да научиме како да се справиме со ниските температури, кратките денови и другите промени што ги носи зимата.

Финска, Данска, Норвешка, Шведска и Исланд се на врвот на листата веќе четири години. Без разлика дали станува збор за политички права, чувство на безбедност, родова еднаквост или доверба меѓу граѓаните, тие секогаш се на прво место. Граѓаните на овие земји се соочуваат со зимски бури, силен ветер и кратки денови, но ништо од тоа не влијае на нивната среќа, бидејќи добро се справуваат со зимските услови и може да им послужат како пример на другите, особено на оние чија зима влијае на нивното расположение.

Зима во скандинавски стил: Како да уживате во кратките денови и ниските температури

Поминуваат време надвор

Нема лошо време за Скандинавците, само лоша облека. Сè додека се соодветно облечени, не им претставува проблем да излегуваат на ниски температури.

Тие скијаат и уживаат

Тие се опседнати со „убивање време со корисни работи“, па скијањето им е омилена социјална активност со која тие исто така вежбаат.

Тие ги осветлуваат просторите

Светлоста во просторијата значи многу. Со поставување на светилки или палење свеќи, тие на едноставен начин го осветлуваат домот и придонесуваат за зимската атмосфера.

Обожаваат зимска облека

Дозволени се сите комбинации и модни изрази, се додека носите волна одоздола. Волнени чорапи, долна облека, дури и волнен градник.

Подготвуваат едноставни задоволства

Во зимските месеци, готвењето е популарно во Скандинавија. Седум видови божиќни торти секогаш ќе бидат на масата. Ѓумбирот, кардамонот и циметот ќе ја исполнат куќата со ароматични мириси, а уживањето во вкусовите им помага да ја поминат зимата.

Обидете се да зборувате за зимата со помалку негативности и обидете се да уживате во малите нешта што ни ги носи таа: готвење, читање, тишина и мир кога паѓа снег и сигурно вашето расположение ќе биде многу подобро.

Прочитајте ги овие 15 неверојатни факти за животот во Шведска кои сигурно не сте ги знаеле.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар