Претходно
Рецепт за највкусната есенска гранола со јаболко и цимет
Оваа есенска гранола е збогатена со парчиња јаболко и цимет, како неодолива комбинација за постудени денови. Гранолата е секогаш одличен избор за појадок, полн со хранливи состојки, секогаш подготвен за грицкање или јадење со јогурт, млеко или смуdи. Направете го тоа еднаш неделно и имајте домашна здрава гранола за цела недела. Не заборавајте дека секогаш можете да играте со додатоците. Наместо ореви ставете бадеми, наместо семе од коноп семе од тиква, додадете на крајот и сува брусница или некое друго суво овошје.
Потребни состојки:
- 400 г овесни снегулки
- 130 г сушено јаболко
- 130 г сечкани ореви
- 2 лажички цимет
- 35 г семе од коноп
- малку сол
- 60 милилитри кокосово масло
- 75 г путер од бадем
- 70 милилитри јаворов сируп
- 1 лажичка екстракт од ванила
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 150 степени, а потоа поставете ја хартијата за печење во една голема тава.
- Ставете ги сите суви состојки во голема чинија, а сите влажни состојки (масло, путер, сируп) ставете ги во тенџере и загрејте гина среден оган, мешајќи постојано.
- Потоа додадете ванила и промешајте уште еднаш. Додадете ги влажните состојки во сувите и уште еднаш измешајте сè заедно додека не се комбинираат.
- Потоа пренесете ја смесата на хартијата за печење, израмнете со шпатула и ставете ја во рерната за 30 минути.
- После 15 минути промешајте. Кога ќе се испече, извадете ја гранолата и оставете ја да се излади целосно без да ја мешате.
Можеби ќе сакате да го пробате овој рецепт за кафе со сладолед и минерална вода.